Бројките се од годишниот извештај на ТВ Гајд, според кој во 2012-та платата на Џон Стујарт била 16 милиони долари.
Триумфот на Стујарт е уште поголем затоа што тој влегува во групата водители на кабелски телевизии, што значи и поограничена публика отколку кај водителите од телевизиските мрежи кои се бесплатни за гледање.
Единствен кој е и приближно блиску до парите на Стујарт е Дејвид Летерман со плата од 20 милиони долари годишно. Далеку на трето е Конан О'Браен со 12 милиони долари.
Стујарт е на Дејли Шоу од 1999-та и во просек има околу 1,5 милиони гледачи на ден. За споредба Џими Кимел има просек од 2,7 милиони (плата 10 милиони долари годишно), Летерман 2,85 милиони (плата 20 милиони долари годишно), а Џими Фалон 4,3 милиони (плата 11 милиони долари годишно) гледачи на вечер.