Џон Стујарт уште му го памти на Хју Грант гостувањето од 2009-та, кога актерот "се однесувал како дива" и се жалел на клипот што бил одбран за промоција на неговиот филм.
"На сите им се занесуваше цело време, и беше голем напор," изјавил Стујарт во интервју за Колбер. Кога Грант фатил да се жали за видеото за промоцијата "Кој е овој клип? Ова е ужасен клип!" Стујарт му одговорил "Тогаш што не правиш подобри филмови."
Стујарт завршил со тоа дека тој "никогаш не би го пуштил" Грант повторно да се појави во Дејли Шоу.
Во интервјуто со Колбер Стујарт изјавил и дека тој бил на добар пат да го напушти шоуто заради тоа што дел од колегите биле шупаци.
"Влегувам во канцеларија полна со сценаристи и продуценти и прво нешто што ми рекоа е 'Ова не е некое ЕмТиВи срање'... И потоа ми рекоа да не ги менувам шегите и да не импровизирам. Му реков на мојот агент 'тргај ме од ова тука... овие луѓе не се нормални. Она што тогаш не сфатив е дека добар дел од луѓето кои работеа таму беа шупаци.'" раскажува Стујарт.