Од вас слабите, ние дебелите на ред не може да дојдеме

Едно време беше едноставно - дебел си, ти се јаде, готвиш и јадеш, не правиш никаква галама околу тоа, ниту го доживуваш како некој посебен успех. За кратко време, го повторуваш истото.

Така врви животот, ти јадеш и не замараш никој околу себе затоа што си јадел. И тогаш се појавија сувите - луѓе кои се подготвени 3 часа непотребно да се обидуваат да подобрат и искомпликуваат веќе совршен рецепт, за потоа уште толку време да изгубат на дрвење околу тоа каков подвиг направиле, а притоа крајните намери околу направениот оброк да им бидат - фотографирање. Абе изгледа добро, ама нема потреба.

Во меѓувреме додека они сликаат наместо да јадат, ти како изганик од сопствениот дом, народ, вера,  одиш во бутката кај Алкалоид на поштено лепче со 2 плескавици за 125 денари, без никаква драма. Нека сликаат, само да не дојдат натаму.

 

27 ноември 2014 - 14:22