Цивилизациски разлики

1963 година ние засекогаш ќе ја паметиме по катастрофалниот земјотрес кој го сотре Скопје. Други земји имаат поведри настани за паметење. Советскиот сојуз, на пример, во јуни 1963 година, ја испрати Валентина Терешкова и Восток 6. И додека СССР ѝ мафташе на првата жена во вселената, во Алабама, САД за првпат на факултет влегоа двајца црнци. 

Џејмс Худ и Вивијан Малоун Џонс, првите црни студенти на универзитетот во Алабама.

Настанот доби голем публицитет и по тоа што тогашниот гувернер на Алабама, демократот Џорџ Валас, се обиуе физички да ги спречи Худ и Ммалоун да влезат во зградата на Универзитетот. Неговото изборно ветување беше „Сегрегација денес, сегрегација утре, сегрегација засекогаш.“  

Подоцна Валас отстапи од блокирањето откако американскиот претседател, Џон Кенеди, со специјален указ ја доведе под федерална команда Националната гарда на Алабама.

Многу подоцна, во 1996 година, семејната фондација на Џорџ Валас, на  Вивијан ѝ ја доделува нивната прва награда за храброст. Наградата лично ѝ ја предава гувернерот кој проба да ја спречи. 

*********

Од 16 до 19 јуни 1963 година, Валентина Терешкова и Восток 6 ја обиколија Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри.

Во 2021 година стана пратеничката во руската Дума и како членка на група за заштита на христијанските вредности; го поддржа воведувањето амандмани на рускиот Устав, според кои, „Православието е основа на националниот и културниот идентитет на Русија.“

   

 

 

19 август 2025 - 15:08