Случај број 1: Џефри А. Закер, првиот човек на CNN
52 годишниот Закер има долгогодишно искуство на управување со телевизии и важи за деловен човек со боксерски манири. Над неговото биро стои неговиот омилен животен слоган: „Мавни му бокс на денот по фаца“.
Да, тој и CNN моментално ја бијат веројатно најважната битка во нивното постоење но реално, не се тие ничии жртви. Пореално е да се каже дека страдаат од последиците на едно големо само-повредување.
Не е тајна дека Доналд Трамп беше почастен со великодушен медиумски простор на почетокот на неговата трка, кога се правеа кампањи за партиски кандидати. Во 2015 тој доби бесплатна медиумска минутажа во против-вредност од две милијарди долари. За споредба, Берни Сандерс доби минутажа од 321 милион долари. Лавовски дел од тој простор на Трамп му даде токму CNN кој агилно ги покриваше сите можни контроверзи кои тој ги штанцаше.
А Закер е и подиректно одговорен за „ликот и делото“ на актуелниот претседател. Токму Закер е човекот кој го ангажираше Трамп за реалното шоу “The Apprentice”, шоу кое го спаси Трамп од медиумско па и финансиско исчезнување. А Закер (во тоа време шеф на забавниот департмент на NBC) на Трамп му ја даде таа шанса откако овој јавно поттикнуваше расистички чувства, а остана на тоа место долго време и откако се глупираше со местото на раѓање на Обама, и на Фокс им се закануваше на илегалните мигранти.
Закер го имаше овој расистички и сексистички демагог во свои раце и не стори ништо во врска со него. Напротив, активно учествуваше во неговото шоу со една единствена причина; нему и на неговите корпорациски браќа “The Apprentice” им носеше многу пари.
Случај број 2: Мика Бжежински и Џо Скарбороу, водители на емисијата „Morning Joe“ на MSNBC
Трамп неодамна брутално - дури и за негови стандарди - ја нападна Мика кога твитна дека го местеле за интервју ама овој одбил бидејќи Мика „обилно крварела од фејс-лифтингот“.
И таа и Џо одамна знаеја за каков човек се работи ама тоа не им пречеше во 2015 и 2016 кога кампањата на Трамп добиваше моментум а тие двајца го бранеа од критичарите и му нудеа совети. Скарбороу гордо повторуваше колкупати се слушнал со Трамп за да му даде некоја политичка насока а кога Тrамп победи на прелиминарните во Њу Хемшпир, им дојде во емисија и им кажа: „Дечки, вие ме поддржувавте и многу го ценам тоа“.
Сексизмот и расизмот на Трамп почна да им пречи дури откако го осетија на своја кожа. Затоа, професорот Питер Драјер, во есеј за лицемерието, напиша „Џо и Мика на Америка ѝ должат извинување“.
„И сега тие и Закер ги очекуваат нашите симпатии? Ги имаат само во она ниво дека никој не треба да биде жртва на сексизам, но, секој нивен обид за ребрендирање во храбри гласноговорници на вистината треба да се отфрли како лоша шега. Тие што помогнаа да се изгради Трамп, не можат да си дадат задача и да го срушат. Ако за ништо друго, тогаш затоа што еден ден Трамп може да се разбуди и да сфати Мика, Џеф и Џо се луѓе кои се спремни да закочат и да прифатат некоја негова понуда,“ пишува Алтернет