Актери: Офф.нет - Саше - Коља - Милчин.
По Фејсбук овој викенд лесно можете да наидете на наслов од типот
"Трендо го нападнал Роџер а нема муда да го нападне Грујо и Ск 2014."
Тие што читаат само наслови можно е најнормално да помислат:
- Стварно, каде бе тој Трендо нашол сега да го напаѓа Роџер а да го брани СК 2014?
Тука е проблемот. Никаде.
ЕВЕ ЈА изворната статија која потоа е предмет на вадење душа. Плиз, не одете понатаму без да ја прочитате внимателно цела, да видите колку е таа воопшто за Роџер, за СК 2014, за Груевски, за урбанистички решенија, за народни пари... Николку. Се работи за тргувањето со луксузен имот во САД. Малку бројки за тамошниот пазар на недвижности, неколку примери од Америка и еден пример за продажба на луксузен објект од Скопје (линк до скриншот од оглас на Пазар3).
Дец ит. Каков црни Грујо, каков бели Роџер?
Но, онаму каде што престанува нашата статија за скапите недвижности во Америка, започнува нивната евтина приказна за Трендо. Прво, таа наша статија тотално ја извртува оној малоумник Саше. Почнува стандардно да ги блада оние редовни тупења за нас, става наслов дека е нападнат Роџер а не и СК 2014 и го пушта глупиот спин во промет.
Потоа тоа негово лудило "од а до ш" радо го пренесува Коља на Окно а Владе Милчин на крај го споделува на Фејсбук, каде што булументата ќе ц'цка - ах, знаевме дека Трендо се продал....
Знаевте, тикви. 15 години водам интернет портали. Досега на слепец ќе му станеше јасно дека ќе ме нема во таборите. Малку ли сте закрвени меѓу себе па и јас ви фалам во равенката?
Професоре, вакви ли безвезни подметачини се визијата за новата Македонија? Тоа ли е таа алтернативна, подобра, послободна и подемократска идеја за медиумите и нивната слобода? Знаете што кажа Кристина од Маратонци кога ѝ го покажаа новото кино?
- Серем вам се у тон филм!
Притоа, кои ви се медиумските пилари на ваквите операции? Саше и Коља. Евала!
Професоре, па со оние пари кои ги исподававте за медиуми досега требаше при рака да имате две Ал Џезеири. А не да се потпирате на двајцава бурлескни медиумски сојузници Шуто и Рогато. Затворете ги тие двајца во соба, за две минути очи ќе си извадат.
Првиот (Саше) е општонароден грев па да го баталиме.
Вториот е Никола Гелевски, човек на чиј вечно вознемирен нервен систем некако му импонира простачката стаменост на Саше па редовно му ги пренесува глупоштините, особено за мене и Офф.нет. Притоа Коља со години никако да направи асален медиум, и тоа не затоа што е неписмен или неначитан, туку затоа што е лимун табиет. Oд сите што тој во животот ги дружел, само точакот сè уште му нема избегано.
За крај да ви извадам еден фрагмент од она што првиот го напишал, вториот го пренел а вие сте го шерувале, ваљда затоа што ви е битна само вистината, само јавниот интерес, само медиумските слободи и стандарди:
ИИИДИ БЕ У ПИЧКУ МАТЕРИНУ, ШУПЧИНО ЕДНА МИЗЕРНА, ПЕДЕРСКА У ДУША!
Тоа е тоа. Постои легенда дека околу гробот на Карл Попер со години се слуша некаков чуден звук. Тоа јадниот покојник се врти во гроб од вредностите на "отвореното општество" кое вие ги подржувате.
Најпријателски би ве поздравил со "се читаме, професоре", но очигледно тоа сè помалку го правиме.
Трендо