Продажбата на луксузните домови (над 750.000 долари) е најбрзо растечкиот сегмент во американските недвижности. Рестото се зголемува за 3 а луксузот за 13 процeнти годишно. Но, не е сеедно дали ќе купите во Сан Франциско или во некоја недојдија во Илиноис.
САН ФРАНЦИСКО:
Апартман "за само" 929.000 долари. Опишан како "пространа дневна соба, уште една соба и купатило." Апартманот е распослан на цели 77 квадратни метри. Но, на пешачка оддалеченост од Финансискиот дистрикт на градот. Бонус, има каде да се паркира.
ЈОНЕСБОРО, Џорџија
Речиси 500 квадрати, 5 спални, 3,5 купатила, има мала кино сала и поглед на езеро. За цената (989.900 долари), добивате и двор од 5.600 квадратни метри.
Уште примери од Америка тука