Две сценарија за живот и среќа (+бонус)

Првото сценарио за долг, здрав и раат живот не се однесува само на телото туку и на душата, и е собрано од мудоста на Андреј Ворон, селанец од Карпатите кој доживеал 104 годишна возраст. Второто сценарио е од непознат мудрец од социјалните платофрми.

ПРВОТО СЦЕНАРИО НА ВОРОН:

Научете да го гледате сиот живот околу вас и да уживате во сè - во тревата, шумата, птиците, животните, земјата, небото... Гледајте во нив со добри очи и чисто срце, ќе откриете знаења кои ги нема во книги. Ќе се видите себе во нив.

Нека ви стане навика да стоите боси на земја неколку минути. Заземјете се. Дајте му на телото земја додека таа не го повика.

Што почесто бидете до вода. Ќе ви го отстрани уморот и ќе ви ги избистри мислите.

Пијте вода кога и да можете, и без да бидете жедни.

Секој ден зеленчук и овошје. Тие се полни со сонце.

Месо подобро да не се јаде. Тоа во себе носи туѓа болка. Ние не сме предатори.

Најдобро е да се јаде по една дланка храна, повеќе пати на ден. За да се јаде помалку, да се пие вода и компот. Од четврток навечер во петок навечер, само вода.

Постот е најголема благодет. Ништо не те зајакнува и подмладува како постот. Коските стануваат лесни како кај птици а срцето радосно како кај млад човек.

Добро е среде ден да се дремне половина час, крвта да го освежи лицето и главата. Лошо е да се спие после јадење.

Помалку седете, но спијте доволно.

Не заборавајте на оревести плодови. Тие се како нашиот мозок, имаат сила за мозокот.

Бидете љубезни кон луѓето. Од секој од нив, дури и од оние празните, можете нешто да научите.

Она што ви е наменето, ќе ви биде дадено. Научете понизно да чекате. Она што не е ваше, не го чекајте. Душата нека ви е помирена со тоа.

Кога на душата ѝ е лошо, морате многу да одите. Полиња, шуми, покрај вода... Водата ќе ја носи вашата тага. Но, најдобар лек за телото и душата е пост, молитва и физичка работа.

Движете се. На камен кој се тркала, мов не се фаќа.

Нервите се одмораат кога рацете работат.

Не гледајте од сè да профитирате но бидете корисни. Винова лоза која не раѓа, брзо се суши.

Не се подбивајте, бидете радосни и забавни.

Не се предавајте. Гладната ѕверка е поитра и добро нахранет човек.

После вечера, шетајте.

Одвојте време да молчите, да разговарате со самите себе.

Срцето нека ви каже што е добро, а што лошо, а не човечкиот збор.

Не грижете се кој ве зборува. Сами себе бидете си судија.

Не лутете се. Не осудувајте. Секој човек кому ќе му простите, ќе има повеќе љубова за вас.

Што повеќе има љубов во вашето срце, толку во него ќе има помалку место за страв.

*******************

ВТОРОТО СЦЕНАРИО:

Јади сè што ќе посакаш. И онака наскоро ќе бидеш мртов. Што тоа ќе направи разлика? Престани да слушаш што луѓето зборуваат за тебе. Престани да бркаш идеално тело за на лето. Бил слаб или дебел, хејтерите ќе хејтаат. А наскоро и хејтерите ќе умрат. По можност, на ужасен начин.

*******************

БОНУС СЦЕНАРИО: БАБА ЗОРКА, 104 ГОДИНИ

 

27 февруари 2023 - 10:38