Велат дека во Америка мора само да умреш и да платиш данок. Првото останува фикс, а ова второво е прилично флексибилно и зависи колку си способен да ги заобиколиш правилата. Ворен Бафет и неговиот мултинационален конгломерат Беркшир Хетавеј плаќаат пет милијарди данок. Стариот вика, ако најголемите 800 компании поштено го платат својот, ниеден Американец не би морал да плати ниту цент федерален данок.