Нејзиниот допис до редакцијата, освен рецепт за шненокли (кој не сме и го барале) ја содржи и следнава порака:
"Кад би била бијело дугме - ама за това нема фајде пошто нам је алал ќуфте еркондишн! - Баба Зора".
Извори блиски до бабата ни тврдат дека ваква порака таа знаела да прати и во претходните векови, секогаш кога била на 20-тина сантима од некој свој духовен пресврт. Истава порака од неа ја имаат добиено Херкул, Бизмарк, Реј Бредбери и Звонко Богдан, при што сите ја имаат игнорирано освен културниот Бизмарк кој ѝ има вратено со порака: "Добро викаш".
И нам ни останува тајна дали Баба Зора заминува во бања во Швајцарија, ашрам во Шумадија или пак решила одново да ја облече својата стара револуционерна руба и да замине во Истанбул или Бразил, за пакосно да ги подбуцнува младите на идејата дека можат да го променат светот и истовремено да ги потсетува да не седат на тоа ладното пошто "сега не осеќаат ама...."
Дали баба Зора по некое време повторно ќе се врати на нашите страници, не знаеме. Што би рекле македонските експерти - тоа времето ќе го покаже.
Во името на сите навредени, најтопло ѝ се заблагодаруваме на Драга баба Зора за одвоеното време а нејзините 111 рефлексии на прашања на читателите остануваат вечно врежани на следниов ЛИНК.