Багра

Се зачитавме една долга (предолга) судска одлука на Основниот суд во Велес. Судски процеси можат многу да ви откријат за луѓето и духот на времето.

Најкратко и најколоквијално што се може: Апашкава порано работела во УЈП ама по дисциплинска постапка ја ногирале од таму. После нашла жртви кои ги дерела уздуж и попреку: те ќе правела тим од маркетинг агенти па им земала пари за обука и лиценци, те им продавала поволни станови (вагон пари!), те ќе отворала ладилник и откупен центар за земјоделски производи.

Се разбира, ништо од сето тоа. Да, чудно е колку овие испаѓале кленови "во серија", но не ни е тоа поента.

Кога дошла таа на ред да се одбрани од обвинувањата поткрепени со сведоци, докази и сметки, таа за оштетените рекла:

...дека тие се багра, со која не знае дали некој би седнал освен да прави ајвар.

* Осудена е условно на две години. Условно! Па мамата!

Кој не верува или сака детали, интегралната верзија на судската одлука:

04.05.2016   К.бр.18/2016
К.бр.18/2016

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБУЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВНИОТ СУД В. како првостепен кривичен суд, во совет составен од судијата Габриела Гајдова како Претседател на советот и судиите поротници Мелпомени Џивалекова и Ленче Артинова, како членови на советот, со записничар Билјана Петровска, Судски референт Дактилограф во кривичната постапка по Обвинителниот акт I Ко.бр.325/12 од 18.10.2012 година на Основното јавно обвинителство В. изменет со Обвинителниот акт I Ко.бр.325/12 од 16.03.2015 година на Основното јавно обвинителство В. против обвинетата Р.С од С. за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в.ст.1 в.в.чл.45 ст.1 од КЗ, по одржаниот главен, јавен и усмен претрес, во присуство на Јавен обвинител Г. Т., обвинетата лично со бранител адвокат Е. С. од С. и полномошникот на оштетените, адвокат Д.П. од К. на ден 19.04.2016 година ја донесе, а на ден 21.04.2016 година јавно ја објави следната :

П Р Е С У Д А
Обвинетата:
Р.С од татко П. и мајка Р., родена на . година во С., каде и живее на ул.. бр.. во С. нас.К. В., Македонка, Државјанин на РМ, писмена со завршено високо образование -магистер по економски науки, вработена во УЈП како соработник, остварува месечни примања во износ од 23.000,00 денари, имотна, немажена, досега неосудувана, постапка за друго кривично дело не се води, се брани од слобода со ЕМБГ ..

В И Н О В Н А Е

ЗАТОА ШТО:
Во временскиот период од месец Јуни до м.Октомври 2011 година во Р и во В., искористувајќи исти прилики и слични околности - пријателските односи со оштетената С. Т., со намера за себе да прибави противправна имотна корист од значителна вредност, со лажно прикажување на факти јадовела во заблуда најпрво оштетената С., а потоа и оштетените Г.Т, А.Ѓ, С.А., Д.К., Ј.В, А.Т., А.К. и Т.Н. и ги навела оштетените С. и Г.Тна штета на имотот на оштетениот Г., а останатите оштетени на штета на својот имот, да и исплатат парични средства во вкупен износ од 2.047.310,00 денари на начин што:
- на точно неутврден датум во текот на м.Јуни 2011 година во Р и во В., ги довела во заблуда оштетените С. Т., Г.Т, А.Ѓ, С.А., Д.К., Ј.В, А.Т., А.К. и Т.Н., лажно прикажувајќи им го фактот дека ќе ги вработи како маркетинг агенти во градежна фирма, но за тоа требало да и платат по 8.000,00 денари за обука и 20.000,00 денари за лиценца и при тоа им дала да потпишат договори за маркетиншки и рекламни услуги, на што оштетените поверувале и на обвинетата оштетениот Г.Ти дал 56.000,00 денари за себе и својата ќерка-оштетената С., а оштетената А. 28.000,00 денари, додека останатите оштетени парите и ги давале на С. која парите ги уплатувала на сметка на Р. и тоа оштетениот А.Ѓ 28.000,000 денари, оштетениот С. 8.000,00 денари, оштетената Д. 28.000,00 денари, оштетениот Ј. 8.000,00 денари, оштетениот А.К. 8.000,00 денари и оштетениот Т. 28.000,00 денари, но истите ниту биле повикани да посетуваат обука, ниту добиле сертификати, ниту пак почнале да работат како маркетинг агенти;
- во текот на м.Септември 2011 година во Р, ги довела во заблуда оштетените С. Т. и Г.Т, лажно прикажувјаќи им го фактот дека градежната фирма на нејзиниот сопруг и свекор, во која таа има сопственички удел, започнале со градба на стамбена зграда на В.во С., на земијште кое го добила како наследство од нејзиниот татко, понудивајќи им да купат два станови по многу поволни услови, со што ги навела на штета на имотот на Г.Т да и исплатат вкупно 22.880 евра во денаркска противвреднсот од 1.370.220,00 денари и тоа на повеќе рати започнувајќи со учество од по 3.000 евра за секој стан, потоа уште 4.000 евра за доплата за учество за двата станови, па 2.500 евра за повторна доплата за учество и уште една доплата од 7.500 евра, две рати од по 600 евра и 4 рати по 420 евра, кои парични средства оштетената С. делумно ги уплатувала на сметка на обвинетата во комерцијалните банки, а делумно на рака на обвинетата , а стамбената зграда воопшто не се изградила.

- во текот на м.Октомври 2011 година во Р, го довела во заблуда оштетениот Г.Т, лажно прикажувајќи му го фактот дека има намера заеднички со него да отвори ладилник и центар за откуп на земјоделски производи во Р, со што го навела на штета на својот имот најпрво да и исплати 35.000,00 денари за осигурување, а потоа и 5.000 евра, во денарска против вредност од 307.500,00 денари од кредит од П.б. одобрен на 12.10.2011 година и уште 3.000 $ во денарска противвредност од 142.590,00 денари од кредит кој на ден 31.10.2011 година е одобрен во Ш. б.на име на неговата сопруга Т. Т., кои пари и ги дал на обвинетата со цел таа да ги даде во Министерството за з., заради добивање парични средства од фондовите за поттикнување на земјоделскиот развој, по што обвинетата сите парични средства ги земала за себе, а не е изграден ниту откупен центар, ниту ладилник за земјоделски производи.
Со опишаното дејствие обвинетата Р.С од С. сторила кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в.ст.1 в.в.чл.45 ст.1 од КЗ, па врз основа на овој член, како и членовите 3, 32, 35, 39, 48, 49 и 50 од КЗ, на обвинетата Р.С, И СЕ УТВРДУВА казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено и се изрекува алтернативна мерка
УСЛОВНА ОСУДА
Утврдената казна затвор во траење од 2 /две/ години нема да се извршува за време од 4 (четири) години по правосилноста на пресудата доколку обвинетата во определениот рок не стори ново кривично дело.
СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетата да ги надомести трошоците на кривичната постапка и тоа на име паушал да плати сума во износ од 6.000,00 денари, на име патни трошоци за сведоци да плати за сведокот А.Ѓ 300,00 денари, за сведокот Ј.В 720,00 денари и за сведокот Т.Н. 300,00 денари и на оштетените С. и Г.Ти на име награда за полномошник да им исплати сума во износ од 69.300,00 денари, во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.
СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетата Р.С од С. на оштетената А.Т. на име надомест на штета да и плати сума во износ од 10.000,00 денари, на оштетената Д.К. на име надомест на штета да и плати сума во износ од 28.000,00 денари, на оштетениот Ј.В на име надомест на штета да му плати сума во износ од 8.000,00 денари, на оштетениот А.К. на име надомест на штета да му плати сума во износ од 8.000,00 денари, на оштетениот Т.Н. на име надомест на штета да му плати сума во износ од 28.000,00 денари и на оштетениот Г.Т на име надомест на штета да му исплати сума во износ од 1.911.310,00 денари во рок од 6 /шест/ месеци од правосилноста на пресудата.
Доколку обвинетата не ја надомести штетата на оштетените во определениот рок од 6 /шест/ месеци условната осуда ќе се отповика и утврдената казна затвор во траење од две години ќе се изврши.
Оштетениот Г.Т за остварување на своето имотно правно барање за разликата од досудениот износ од 1.911.310,00 до бараниот износ од 1.928.640,00 денари, оштетената А.Т. за остварување на своето имотно правно барање за разликата од досудениот износ од 10.000,00 денари до бараниот износ од 18.000,00 денари, оштетениот А.К. за остварување на своето имотно правно барање за разликата од досудениот износ од 8.000,00 денари до бараниот износ од 14.000,00 денари, се упатуваат на спор
О б р а з л о ж е н и е

Основното јавно обвинителство В. до Основен суд В. поднесе Обвинителен акт I КО.бр.325/12 одод 18.10.2012 година изменет со Обвинителниот акт I Ко.бр.325/12 од 16.03.2015 година против обвинетата Р.С од С. за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в.ст.1 в.в.чл.45 ст.1 од КЗ.
По спроведената постапка судот донесе пресуда К.бр.482/12 од 7.05.2015 година, која со Решение КЖ.бр.1113/15 од 24.11.2015 година на Апелациониот суд С., беше укината и предметот беше вратен на повторно судење пред првостепениот суд.
Постапувајки по напатствијата на Апелацниот суд С., судот закажа и одржа главен, јавен и усмен претрес на кој ја испита обвинетата, ги сослуша оштетените како сведоци Г.Т, С. Т., Т.Н.., А.Т., А.К., А.Ѓ, Д.К. и Ј.В, сведокот Т. Т., согласно чл.351 ст.2 т.1 од ЗКП го прочита исказот на оштетениот како сведок С.А. даден на записник од главен претрес од 03.11.2014 година и ги изведе следните писмени докази и тоа: прочита уплатници од 21.01.2012, 21.01.2012, 03.02.2012, 22.03.2012, 30.09.2011, 04.10.2011, 10.02.2012, 06.10.2011, уплатница на износ од 400 евра, уплатница на износ од 390 евра, на износ од 600 евра, на износ од 870 евра, на износ од 460 евра, на износ од 330 евра, на износ од 743 евра, на износ од 570 евра, уплатница од 27.12.2011, 24.12.2011, 15.09.2011, 22.09.2011, 15.09.2011, 09.09.2011, 01.11.2011, 02.09.2011, 04.10.2011, 28.03.2012, 04.10.2011, 11.01.2012, 04.10.2011, 04.10.2011, 04.10.2011, 04.10.2011, 04.10.2011, 10.10.2011, 06.10.2011, 06.12.2011, 10.10.2011, 06.10.2011, 2 уплатници од 10.10.2011, 6 уплатници од 29.09.2011, 3 уплатници од 21.03.2012, 2 уплатници од 29.09.2011, 2 уплатници од 14.12.2011, 4 уплатници од 31.01.2012, уплатница од 21.03.2011, 2 уплатници од 26.03.2012, две уплатници од 21.01.2012, 2 уплатници од 06.12.2011, уплатница од 17.01.2012, 24.01.2012, 06.10.2011, 24.11.2011, налог за извршување И.бр.616/12 на извршител К.К., нотарски акт договор за заем ОДУ бр. на Нотар В. Д., барање И.бр.615/12 на извршител К.К., два нотарски акти со налози за извршување према оштетените, налог за извршување И.бр.615/11 на извршител К. К., нотарски акт договор за заем ОДУ.бр..на нотар В. Д., барање И.бр.615/12, И.бр.616/12, нотарски акт изјава за уредување на права и обврски на потписници на меница ОДУ.бр.. од 12.10.2011 на нотар Б. К., договор за бизнис кредит бр.. од 12.10.2011 година, амортизационен план бр.4. преглед на парични текови за кредит бр.., договор за кредит партија бр.. од 31.10.2011 година, анекс кон договор бр. од 09.09.2011 година, анекс . од 02.04.2012 година, образец договор за марктиншки и рекламни услуги, уплатници од 02.09.2011, 08.09.2011, 17.08.2011, 15.07.2011, 15.07.2011, 16.08.2011 и 14.07.2011, известување за плаќање од 12.06.2012. година, нотарски акт договор за заем ОДУ.бр.. од 28.06.2013 на Нотар В.Д., нотакси акт договр за заем Оду.бр.. од 30.06.2011 година, пресуда на основен суд С. 2 Скоје бр.8 П1 2554/12 од 29.03.2013 година, пресуда на Апелационен суд С. ГЖ.бр.5118/13 од 13.02.2014 година, договор за кредит од 31.10.2011 година, договоро за потрошувачки кредит од 30.05.2008 година, договор за ТЛ. картичка од 24.01.2008 година, се чита извршување бр.од 06.07.2012 година, налог за извршување И.бр.615/12 од 05.11.2012 година, барање за извршување бр.616/12 од 06.07.2012 година, налог за извршување И.бр.616/12 од 06.11.2012 година, договор за орочен депозит од 01.11.2011 година, договор за девизна сметка од 20.10.2011 година, уплатница од 01.11.2011 година, уплатници од 07.04.2012, 06.12.2011, 22.02.2012, 13.09.2011 година, уплатница бр.ТТ.бр.., договор за потрошувачки кредит од 05.08.2008 година, одлука од 30.11.2011 година од совет Општина Р, технички извештај на Ге. ДООЕЛ К., договор за закуп од 17.01.2012 година, каса прими на Б. А.. уплатница на В. П., историјат од 30.10.2013 година, историјат на промени од 13.03.2015 година, договор за повремено вршење услуги од 17.01.2012 година, договор за бизнис кредит со амортизационен план од 12.10.2011 година, договор за трансакциска сметка, договор за закупнина од 17.01.2011 година, договор за закупнина од 24.01.2012 година, имотен лист бр.. извод од сметка од 01.01.2010 година до 10.10.20111 година, фактура бр.., извод од катастар на име Г.ТТ., решение за паушално утврден приход на земјоделци од 09.06.2011 година, договор за привремено вработување од 19.07.2010 година, договор за залог од 01.11.2011 година, известување бр.. од 08.03.2016 на Управа за водење матични книги и известување бр.. од 19.04.2016 година ЦР на РМ РРК В..
Од вака изведените докази, судот ценејки го секој доказ поединечно и во корелација со останатите изведени докази, а по слободно судиско уверување ја утврди следната фактичка состојба:

Во временскиот период од месец Јуни до м.Октомври 2011 година во Р и во В., искористувајќи исти прилики и слични околности - пријателските односи со оштетената С. Т., со намера за себе да прибави противправна имотна корист од значителна вредност, обвинетата, со лажно прикажување на факти јадовела во заблуда најпрво оштетената С., а потоа и оштетените Г.Т, А.Ѓ, С.А., Д.К., Ј.В, А.Т., А.К. и Т.Н. и ги навела оштетените С. и Г.Тна штета на имотот на оштетениот Горчо, а останатите оштетени на штета на својот имот, да и исплатат парични средства во вкупен износ од 2.047.310,00 денари на начин што:
- на точно неутврден датум во текот на м.Јуни 2011 година во Р и во В., ги довела во заблуда оштетените С. Т., Г.Т, А.Ѓ, С.А., Д.К., Ј.В, А.Т., А.К. и Т.Н., лажно прикажувајќи им го фактот дека ќе ги вработи како маркетинг агенти во градежна фирма, но за тоа требало да и платат по 8.000,00 денари за обука и 20.000,00 денари за лиценца и при тоа им дала да потпишат договори за маркетиншки и рекламни услуги, на што оштетените поверувале и на обвинетата оштетениот Г.Ти дал 56.000,00 денари за себе и својата ќерка-оштетената С., а оштетената Анита 28.000,00 денари, додека останатите оштетени парите и ги давале на С. која парите ги уплатувала на сметка на Р. и тоа оштетениот А.Ѓ 28.000,000 денари, оштетениот С.8.000,00 денари, оштетената Д. 28.000,00 денари, оштетениот Јован 8.000,00 денари, оштетениот А.К. 8.000,00 денари и оштетениот Т. 28.000,00 денари, но истите ниту биле повикани да посетуваат обука, ниту добиле сертификати, ниту пак почнале да работат како маркетинг агенти;
- во текот на м.Септември 2011 година во Р, ги довела во заблуда оштетените С. Т. и Г.Т, лажно прикажувјаќи им го фактот дека градежната фирма на нејзиниот сопруг и свекор, во која таа има сопственички удел, започнале со градба на стамбена зграда на В.во С., на земијште кое го добила како наследство од нејзиниот татко, понудивајќи им да купат два станови по многу поволни услови, со што ги навела на штета на имотот на Г.Т да и исплатат вкупно 22.880 евра во денаркска противвреднсот од 1.370.220,00 денари и тоа на повеќе рати започнувајќи со учество од по 3.000 евра за секој стан, потоа уште 4.000 евра за доплата за учество за двата станови, па 2.500 евра за повторна доплата за учество и уште една доплата од 7.500 евра, две рати од по 600 евра и 4 рати по 420 евра, кои парични средства оштетената С. делумно ги уплатувала на сметка на обвинетата во комерцијалните банки, а делумно на рака на обвинетата, а стамбената зграда воопшто не се изградила.
- во текот на м.Октомври 2011 година во Р, го довела во заблуда оштетениот Г.Т, лажно прикажувајќи му го фактот дека има намера заеднички со него да отвори ладилник и центар за откуп на земјоделски производи во Р, со што го навела на штета на својот имот најпрво да и исплати 35.000,00 денари за осигурување, а потоа и 5.000 евра, во денарска против вредност од 307.500,00 денари од кредит од П. б. одобрен на 12.10.2011 година и уште 3.000 $ во денарска противвредност од 142.590,00 денари од кредит кој на ден 31.10.2011 година е одобрен во Ш. б.на име на неговата сопруга Т. Т., кои пари и ги дал на обвинетата со цел таа да ги даде во Министерството за земјоделство, заради добивање парични средства од фондовите за поттикнување на земјоделскиот развој, по што обвинетата сите парични средства ги земала за себе, а не е изграден ниту откупен центар, ниту ладилник за земјоделски производи.
Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од дел од исказот на обвинетата дека била вработена во Министерство . УЈП во период од 23.01.2006 година до месец ноември 2011 година, но била суспендирна од работа од месец април 2010 година, а работниот однос и завршил во месец ноември 2011 година поради водена дисциплинска постапка, а сега е повторно вработена, дека никогаш не била основач, содружник или управител на трговско друштво кое се занимавало со градежиштво, дека оштетената С. била на нејзина возраст и биле блиски пријатели така што постојано комуницирале и се дружеле, дека имале доверба меѓу себе, дека знае дека оштетениот Г.Ткој бил татко на С. имал насади со праски во околината на Р, како и дека никогаш не била мажена.
Од исказот на оштетената како сведок С. Т. се утврди дека на 30.04.2011 година со автобус одела за С., па во В. во автобусот влегла обвинетата која тогаш прв пат ја видела, обвинетата седнала до неа и почнале разговор во кој и кажала на обвинетата дека е невработена, дека кога стигнале во С. обвинетата и понудила со свое возило да ја превезе, но таа не прифатила, па обвинетата и кажала дека работи во државна институција и може да и обезбеди работа, па и побарала телфонски број, дека го дала бројот на обвинетата, па по еден месец обвинетата и се јавила и и кажала дека нашла две места за работа за така наречен маркетинг агент со тоа што за едното работно место требало да се плати членарина од 8.000,00 денари, а за другото работно место покрај членарината требало да се има и сертификат за што требало да се посетува обука која чинела 20.000,00 денари или вкупно 28.000,00 денари, дека обвинетата и кажала дека нејзиниот сопруг В. имал градежна фирма која се водела на нејзиниот свекор А.и во таа фирма свој удел имала некоја словенечка фрма, па работните места што и ги понудила требало да бидат во словенечката фирма, а работата да се врши во РМ, дека разговарала со родителите, па тие се согласиле да помогнат и се договорила со обвинетата да се сретнат во С. во една кафетерија во близина на клинички центар, каде отишла со нејзиниот татко, оштетениот Г., се сретнале со обвинетата, разговарале и обвинетата ја убедувала дека е тоа добра можност за работа и дека за да може да се посетува обука за да добие сертификат, мора да се најдат уште 10 лица кои би работеле како маркетинг агенти, а таа би била нивни координатор, дека и дала на обвинетата 28.000,00 денари, па обвинетата напишала изјава во ракопис дека ги прима парите, но примерок од изјавата не и дала, дека наредните денови разговарала со лица од Р и К. и им го кажала ова што и го кажала обвинетата, дека обвинетата доаѓала во Р и се среќавала со 8-9 луѓе кои се нафатиле да дадат по 28.000,00 денари и при тоа потишувала изјава која ја потпишувала и таа како сведок, но примерок од изјавата не давала на лицата кои и ги давале парите, дека недостасувал 10-ти човек, па обвинетата предложила тоа да бидат мајката, таткото или сестрата на С., дека ова го прифатиле таткото и сестрата на С., дека парите ги уплаќала кај обвинетата, дека поминало летото 2011 година и во месец Сештември 2011 година обвинетата кажала дека градежната сезона поминала, па не може да се спроведе обука и и рекла дека ќе ја вработи во нивната фирма која ќе гради станови во С. и В., дека во месец септември 2011 година обвинетата и кажала дека ќе работи во нејзината фирма, а на нејзините родители им понудила да купат стан во зграда на В. во С. на м.в.О. на земјиште кое го добила како наследник, а претходно сопственик бил нејзиниот татко, па и кажала дека доколку се плати учество за становите пред почнување на работата цената би била поволна, а за неа би било уште поповолно со тоа што не би плаќала рати туку од платата ќе и се запира по 9.000,00 денари, дека обвинетата им кажала дека учеството би било 3000 евра, па тие се согласиле да купат стан и нејзиниот татко Г.Ти дал 3000 евра, кои во денари ги уплатила на сметка на обвинетата во Комерцијална банка во К., дека по некое време обвинетата им понудила да купат стан за сестра и, им кажала дека учеството би било 3000 евра, а ратата околу 9.000,00 денари, но по еден месец кажала дека ратата би била 600 евра, дека обвинетата инсистирала уплатите да се вршат на нејзина сметка бидејќи сметките на фирмите биле тајни, дека им кажала дека како маркетинг агенти би работеле или во нејзината фирма Е.Г. С. или во А.М. С., дека проверила на интернет и никаде не нашла фирма Е.г. а А.М. била во стечај, дека ова го кажала на обвинетата, но обвинетата и рекла дека направиле некоја грешка и дека не треба да проверуваат за фирмите, дека во врска со работата како маркетинг агенти се среќавале со обвинетата во една кафитерија во центарот на градот, а неколку пати и на Б. на В. е. дека го платиле учестовото од 3 илјади евра и за станот на сестра и, дека барале од обвинетата да потпишпат договор, но обвинетата им рекла дека ќе потпишат договор кога и другите станови ќе се продадат, па им донела некаков договор кој го потпишале и обвинетатата си го земала со себе, а нив примерок не им оставила, дека обвинетата носела и анекси кон секој од тие два договора кажувајќи дека се смениле условите за работа, се зголемиле трошоците, па треба да платат по 5000 евра, но родителите се согласиле за секој стан да платат по 2000 евра и овие пари во денари ги уплатиле на сметка на обвинетата, дека почнала кампања „купи куќа купи стан“ и тогаш обвинетата им рекла за да ги користат привилегиите од тоа треба да платат уште по 1250 евра за секој стан, па тие доплатиле, па подоцна обвинетата кажала дека се зголемува учеството тоа по 10000 евра од стан, па нејзините родители ја доплатиле разликата и тоа плаќале на неколку рати при што првата рата била 600 евра, па кога реагирале кај обвинетата, обвинетата рекла ќе помогне со тоа што ќе интервенира кај сопругот и свекорот да се намали ратата, па ратата се намалила за 450 евра, дека уплатиле 2 рати по 4.650 и уште 2 рати по 24.000,00 денари, дека минело време и се до март 2012 година кога доаѓала обвинетата нејзините родители постојано барале да ги заверат догворите на нотар и да се почне со обука за маркетинг агенти, но обвинетата секогаш се оправдувала со нешто како на пример дека умрела свекрвата, па потоа дека умрел семјниот адвокат кој ги водел документите и слично, дека кога виделе дека обвинетата не носи документи тие престанале со уплати, дека за становите платиле по 10000 евра, дека кога обвинетата доаѓала кај нив дома постојано зборувала за бизниси, па ги убедила нејзните родители да почнат со изградба на ладилник, а потоа и некаков центар за откуп на праски и гајби, па го навела оштетениот Г.Тда и даде пари за купување на гајби, дека обвинетата ги убедила да формират фирма на име на оштетениот Г., но потоа сменила и рекла да биде на име на С., дека обвинетата им кажала дека за потребите на фирмата треба да има готови пари за што требало да се земе кредит, па оштетениот Г.Тземал кредит со тоа што кога парите биле префрлени на сметка на Г., С. ги подигнала од сметката на Г.Тво В. и лично и ги предала на обвинетата, која сама ги уплатила на сметка во К. б. во В., дека обвинетата по ова ги убедила на име на мајката Т. да земат кредит од Ш. б. велејќи дека тие пари се потребни за трошоци во фирмата за добивање на пари од Министерство за земјоделство за поттикнување на земјоделството, дека овие пари не ги виделе, а нејзините родители во меѓувреме ги плаќаат ратите, дека утврдиле дека се измамени, па поднеле кривична пријава против обвинетата, дека нејзниот татко земал кредит во П. б. во износ од 5000 евра пред да го почнат дуќанот, кредитот го подигнала таа во В. заедно со обвинетата, парите ги дала на обвинетата, па обвинетата овие пари си ги внела на сопствена транскациска сметка во К. б., дека од овие пари обвинетата и дала 30.000,00 денари за да плати закупнина за 5 месеци за дуќанот за гајбите и закупнината му ја платила на човекот, дека кога отишле со обвинетата кај сметководителот во В., обвинетата на сметководителот му рекла дека работи во УЈП што не било точно бидејќи неа обвинетата и кажала дека работи во фирма на нејзиниот сопруг В. А., па тогаш сфатила дека обвинетата лаже, дека анекс договорите и меилот доставен во списите на предметот се однесувале на становите кои ги купиле од обвинетата и меилот бил испратен од фирмата на обвинетата, дека обвинетата им донела два договори за становите и не им оставила ниту еден примерок, дека фирмата од која ги примиле меиловите, била фирмата со која ги склучиле договорите за становите, дека износите за становите ги уплаќале на сметка на обвинетата, а обвинетата им велела дека таа ќе ги уплати на сметка на фирмата, дека била блиска со обвинетата и поради тоа и верувале, но кога виделе дека од становите не бива ништо, ја прашале обвинетата за точното име на фирмата и провериле во Ц. р.и утврдиле дека фирмата не постои, дека уплатниците од 26.03.2012 година од ЦК Банка на износ од 630,00 денари, уплатница со ист датум, иста банка на износ од 180,00 денари, уплатница од 31.01.2012 година од истата банка на износ од 90,00 денари, уплатница од 21.03.2012 година од истата банка на изјос од 900,00 денари, уплатница од 21.01.2012 година на износ од 1.200,00 денари уплатница од 21.01.2012 година наизнос од 2.030,00 денари биле уплати за административни трошоци и такси што требало да се платат во Министерството за земјоделие за да земат земјиште под концесија за насади од праски за откупниот центар за праски, дека сите ситни уплати од 600,00 денари, 450,00 денари, 380,00 денари, 1.200,00 денари во текот на 2011 и 2012 година се однесувале за плаќање на такси во Министесртвото за земање на земјиште под концесија во м.в. Р.и С. за садење на праски за откупниот центар за праски што требало да го отворат со обвинетата, дека останатите оштетени и давале пари неа, а таа ги уплаќала на сметка на обвинетата, која им кажувала на оштетените дека треба да работат во фирма на нејзиниот сопруг В. А., кој последен пат дошол во В. со џип, дека не знае дали обвинетата била навистина мажена, но и верувала на обвинетата на овој факт, како и дека предјавува имотно правно барање.
Од исказот на оштетениот како сведок Г.Т се утврди дека во текот 2011 година неговата ќерка С. се запознала во автобус со обвинетата, си размениле броеви, па обвинетата и се јавила на оштетената и и понудила работа како маркетинг агент за што требало да има настава - обука која чинела 28.000,00 денари, дека разговарале со С. и се согласил да и помогне и да и даде пари, дека С. се договорила со обвинетата да се видат во С., па тој и С. отишле во С. каде во близина на државна болница-клинички центар се сретнале со обвинетата, С. ги дала парите на обвинетата, а обвинетата и кажала дека ќе ги уплати на сметка за посета на обуката, дека во наредиот период обвинетата и С. постојано комуницирале при што обвинетата и кажала дека треба да пронајде уште 9 маркетинг агенти и ја убедувала С. тоа да го направи на подрачјето на Р, К. и околината, дека С. нашла 8 лица кои и дале на С. пари за посета на обука, а овие пари С. ги уплатувала на сметка на обвинетата, дека недостасувал уште еден човек, а за да не пропадне целата работа тој прифатил да биде 9-тото лице и и дал 28.000,00 денари на С. кои С. ги уплатила на сметка на обвинетата, дека во лицата кои се пријавиле била и другата ќерка В., дека како минело времето со оглед да немало обука, луѓето што ги дале парите почнале да си ги бараат назад, па така обвинетата вратила пари на едно од лицата затоа што неговиот брат работел во Полиција, дека нему не му ги вратила парите, дека обвинетата им кажала дека имала мешовита фирма со дел словенечка сопственост која се занималава со градежништво, а останатите два дела од фирмата биле на сопругот и свекорот на обвинетата, дека обвинетата често доаѓала кај нив дома и ги собирала лицата што требало да бидат маркетинг агенти и им кажувала што и каде ќе работат, дека обвинетата му кажала дека градежната фирма ќе гради станбена зграда на Водно по многу поволна цена, па му рекла дека може да му овозможи да купат два стана по поволни услови и дека ќе ја вработи С. во фирмата, па С. преку плата ќе го отплаќа едниот од становите, дека обвинетата ги убедила и тие прифатиле да купат два стана, обвинетата им рекла дека мора да се плати учество по 3000 евра за секој стан, па парите ги уплатиле, дека обвинетата кажувала дека градбата ќе почне во март 2012 година, а ќе можат да се вселат во становите во 2013 година, дека учеството постојано им било зголемувано па така за секој стан уплатил по 6000 евра, дека кога започнала кампањата на владата „купи куќа пуку стан“ обвинетата им рекла да уплатуваат секој месец по 420 евра рата, па тие плаќале за еден од становите, а за другиот стан не, бидејќи требало да се плаќа преку платата на С., дека ратата пред да биде 420 евра обвинетата им рекла дека ќе биде 600 евра, па тој извршил две уплати по 600 евра, но не можел да издржи, па и рекол на обвинетата да се намали ратата и тогаш ратата му ја намалиле на 420 евра, дека обвинетата им честитала за становите, дека со истек на времето сакал да ја види зградата, па и рекол на обвинетата дека ќе дојде во С. во фирмата за да ја види зградата, но обвинетата постојано кажувла дека има обврски со адвокати, па тој два-три пати одел во С. и ја барал, но кога ќе и кажел дека е во С. обвинетата кажувала дека има работа и не може да се видат, дека постојано и се јавувал на обвинетата, но таа не одговарала, па така заклучил дека од становите не бива ништо, дека една рата не уплатил, па обвинетата се јавила и му рекла ако не плаќа рати ќе му пропаднат парите, дека обвинетата кажала дека С. ќе биде вработена од месец март 2012 година, но кога стигнал март обвинетата кажала дека не може тогаш, па врмето минувало и од тоа не биднало ништо, дека во една прилика обвинетата дошла и кажала дека сака да отвора фирма да работат со ладилник така што Г.Тда обезбеди место, а таа има пари и ќе ги покрие сите трошоци, дека почнал да се интересира за место и дошле до едно место во билизна на Р кое било во сопственсот на РМ, па се распрашал кај градоначалникот кој му рекол дека местото е слободно и ќе му дозволат да гради, дека ова го пренел на обвинетата која по некое време му рекла дека работата била многу бавна, па да најде приватно лице од кое ќе купат земјиште за да градат ладилник, дека нашол лице, и кажал на обвинетата, но таа не дошла да ги даде парите, дека обвинетата по извесно време му рекла дека ја испуштиле сезоната, па му предложила да продаваат гајби, а тој да најде просторија во Р, дека нашол една просторија во куќата на Б. Н.и се пазареле за кирија од 500 евра за 5 месеци, па тоа го кажал на обвинетата која се согласила да плати, дека требало да се регистрира фирма на негово име, но обвинетата рекла дека во фирмата треба да се уплатат 5000 евра, па тој земал кредит кој бил хипотекарен, дека 5000 евра од кредитот не ги видел, туку и ги дал на С., а С. ги уплатила на обвинетата, дека обвинетата ја направила фирмата на име на С. и им рекла треба треба уште 2000 евра, па неговата сопруга Т. зела кредит, но ни тие пари не ги виделе, дека за парите што ги давал на обвинетата имал уплатиници, како и дека парите што ги дал се пари што ги штедел цел живот одгледувајќи овошје и зеленчук.
Од исказот на сведокот Т. Т. се утврди дека не ја познавала обвинетата се додека не се запознале обвинетата и нејзината ќерка, оштетената С., дека на 01.05.2011 година кога оштетената С. одела на свадба во С. со автобус, обвинетата седнала до неа во автобусот и така се запознале, размениле телефони и по извесно време обвинетата и се јавила на С. и и кажала дека има фирма од нејзин свекор и дека ќе ја вработува С. како маркетинг агент, за што С. требало да и даде 8.000,00 денари за вработување и 20.000,00 денари за сертификат, дека С. прифатила и кога се сретнале со обвинетата и дала на обвинетата 28.000,00 денари, дека обвинетата и кажала на С. дека треба да најде уште 10 луѓе како маркетинг агенти и сите да дадат по 28.000,00 денари, дека С. обезбедила луѓе и со некои од луѓето комуницирала директно обвинетата, а со некои комуницирала преку Слвица, така што луѓето и давале на С. на рака 28.000,00 денари, па овие пари С. или ги пуштала на сметка на обвинетата или и ги давала на рака на обвинетата, дека обвинетата и велела на С. дека ќе дојдат луѓе од Словенија да ги обучуваат за сертификатот, но ништо од тоа не се случило и ниту С. ниту луѓето се вработиле, дека во врска со вработувањата како маркетинг агенти и С. и луѓето и се јавувале на обвинетата и прашувале до каде е работата, а обвинетата секогаш кажувала различни приказни од типот дека свекрва и била болна, дека се омажила со маж со две големи деца кои требало да ги гледа, па од тие причини немала време, а дека работата ќе се заврши, дека поминало долго време и сфатиле дека обвинетата ги измислува овие работи и дека ништо нема да се случи, дека обвинетата телефонските броеви ги сменила и не можеле да стапат во контакт со обвинетата, па парите пропаднале, обвинетата не им ги вратила, дека во една прилика обвинетата дошла и кажала дека има земјиште од нејзиниот татко на Водно, кажала дека нејзиниот сопруг В. и нејзиниот свекор А. имале градежни фирми кои ќе вршеле изградба на станови на земјиштето на В. и им понудила да купат два стана и оштетената С. да ја вработи во фирмите, дека за двата стана требало да платат по 3 илјади евра учество, дека таа имала 6 илјади евра бидејќи се занимавале со земјоделие и овие 6 илјади евра ги уплатиле на транскациска сметка на обвинетата, дека обвинетата дошла и донела некакви документи да ги потпише и им рекла дека тоа било за становите, дека потпишале и обвинетата си ги зела документите велејќи ми дека треба да среди нешто во С. за да добие документи за станот, дека и поверувала на обвинетата бидејќи освен земјоделие друго не знае, дека после ова, обвинетата им се јавувала повремено и им барала пари, дека и дала вкупно 6700 евра кога излегла кампањата „купи куќа купи стан“, дека откако излегла оваа кампања повторно и се јавувала обвинетата и и барала да плаќа рати по 600, дека ги давала парите од пари што имала спечалено работејќи праски, дека овие пари дел ги уплаќале на сметка на обвинетата, а дел ги давале на рака, дека парите на рака на обвинетата и ги давала оштетената С., дека последната рата за становите ја платила во 2012 година на сметка на обвинетата и со становите не изегло ништо, а обвинетата не им ги вратила парите, дека нејзиниот сопруг, оштетениот Г.Тотишол во С. за да види каде се градат становите и каде ќе бидат становите, но обвинетата бегала и се криела, дека обвинетата им предложила да отворат откупен центар за праски, дека и кажала на обвинетата дека немаат фирма, па обвинетата кажала ќе среди, дека за откупниот центар сопругот Г.Тземал кредит од П.б. во износ од 5000 евра и овие пари и ги дал на обвинетата, дека таа земала кредит од Ш. б. и овие пари веднаш ги уплатила на сметка на обвинетата во К. б., дека парите од кредитот на сопругот, кога ги извадил сопругот во В. и ги дал на обвинетата, дека се земал некој дуќан во Р и обвинетата нешто реновирала, но тоа било со нивни пари бидејќи претходно и ги дале парите, дека обвинетата сакала да земе земјиште во С. и во Р. за да се садат праски и велела дека ќе ангажира аргати да го работат земјиштето, дека за поднесување на некакво барање во врска со ова обвинетата побарала и тие и дале 20000 денари на рака, дека од ова не станало ништо, ниту праски виделе, нити ниви виделе, дека обвинетата парите не им ги вратила, дека дознале дека ништо нема да излезе бидејќи кога требало да се регистрира фирма обвинетата отишла кај В. во В., таму кажувала некои работи и не и платила на В. во целост, па така сфатиле дека од оваа работа не излегува ништо, како и дека сите работи околу кредитот ги бркала обвинетата, а таа не сакала да земе кредит, дека и се јавил директорот на банката и и рекол дека нејзина ќерка од С. бара кредит на нејзино име од таа банка, таа не сакала да земе кредит меѓутоа обвинетата инсистирала, па таа плачела и отишла и ги земала докумените за кредитот.
Од исказот на оштетениот како сведок Т.Н., се утврди дека Ј.Н. дошол кај него дома и му кажал дека постои фирма од С. која што бара менаџери и дека за 28 илјади денари се добива серитификат и работа во фирма, дека се заинтересирал и по извесно време со Ј.Н. отишле кај оштетената С. дома, каде биле присутни А.Ѓ, Зл.З. и Т. К. и дошла обвинетата со нејзиниото шофер Б., дека тука се запознале прв пат со обвинетата и таа на сите им објаснила дека има градежна фирма која што ќе вработува менаџери и им кажала да платат по 28 илјади денари за да добијат сертификати и работа во фирмата, дека по ова со обвинетата се сретнале во С. во кафетеријата Б., каде на обвинетата и дал 18 илајди денари во присуство на Т., Ј.Н. и бившата сопруга на Т., дека после ова имало уште неколку средби во една кафетерија во В. спроти пошта и на бродот П. каде обвинетата им држела предавања како тие треба да работат, па една девојка ја прашала со оглед дека со сопствен потпис треба да примат роба дали ќе одговараат ако нешто се случи, па обвинетата оваа девојка ја избркала од групата, дека останатите 10 илјади денари и ги дал на обвинетата кај него дома во присуство на мајка му и татко му, дека по извесно време контактирале со обвинетата, требало да одат во С. да потпишат нешто и тоа договори на нотар, но обвинетата престанала да одговара на телефон и едноставно исчезнала, дека кога звонел на бројот на обвинетата му се јавувала некоја стара жена и кажувала дека таква личност не постои, дека не добиле сертификати, не добиле работа и не склучиле никаков договор, дека обвинетата им ги покажала договорите како обрасци и тие требало да ги потпишат но не ги потпишале, а обрасците биле со таква форма, како празниот формулар предочен од страна на судот, дека од разговор со А.Ѓ, З. З. А.К. дознал дека и тие и дале пари на обвинетата.
Од исказот на оштетената како сведок А.Т. се утврди дека оштетената С. ја познавала од дете, а преку неа ја запознала обвинетата, дека обвинетата и понудила да ја вработи како маркетинг агент во градежна фирма со тоа што и кажала дека треба да плати 8 илјади денари чланарина и 20 илјади денари за сертифкат, дека со С. отишле во С. и во еден кафиќ се сретнале со обвинетата, каде и дала на обвинетата 8 илјади денари, дека обвинетата со С. отишле на Нотар и кога се вратиле кажале дека уплатиле за што побарала документација, но обвинетата и кажала дека документацијата ќе и ја достави кога ќе се склучи договорот, дека обвинетата одржала многу убедителен говор и ја убедила да плати и 20 илјади денари за сертификат, па за таа цел по две до три недели се сретнале на Б. во В. и на обвинетата на рака и ги дала парите, дека ја прашала обвинетата во врска со работата каква заштита би имала кога би одела преку граница, а со себе да има луѓе шверцери, обвинетата и рекла дека ќе треба да се консултира со тимот па ќе и одговори и наредниот ден се јавила обвинетата и и кажала дека тимот ја исфрлил, дека тогаш и рекла на обвинетата дека ниту тим постои, ниту работа постои и си ги побарала парите назад, дека обвинетата и кажала дека парите ќе бидат вратени, дека обвинетата и збаранила на С. да контактира со неа, а на С. мозокот и бил испран и таа не можела на ништо да и укаже, дека С. на сметка и уплатила 18 илјади денари, а долгот до 10 илјади останал, дека со неа во С. била уште една другарка која само и правела друштво, а како маркетинг агенти требало да бидат вработени и други луѓе од кои ги знае само Т. и А., како и дека кога разговарале со Р. потпишала и договор, но овој договор си го земала обвинетата и нема примерок, но тоа бил формуларот од договор за маркетиншки реклами кој непополнет судот го предочи на сведокот.
Од исказот на оштетениот како сведок А.К., се утврди дека С. ја познавал како соселанка, а преку неа ја запознал обвинетата, дека во една прилика С. му кажала дека обвинетата била директорка на некоја маркетинг агенција и дека требало да формираат тим од маркетинг агенти во некоја градежна фирма, дека С. не знаела да каже многу, а тој сакал повеќе да слушне С. му рекла дека ќе дојде обвинетата лично и ќе им објасни, дека со обвинетата се сретнале неколку пати, а во една прилика била и кај него дома и истата им објаснила дека треба да работат како маркетинг агенти на градежна фирма, дека ќе дојдат луѓе од С.да ги обучуваат и кажа дека треба да платат по 200 евра за лиценца, а дека може да плаќаат и на рати, дека дал 8 илјади денари, а пари дале и неговата сопруга, неговиот шура и еден негов другар и тоа парите ги дале на С. на рака за да и ги даде на обвинетата, дека парите ги дале на С. бидејќи така им рекла обвинетата и рекла дека таа ќе ги земе од кај С., дека уплатил последен, бидејки и другарот и сопругата почнале да го притискаат, дека поминало подолго време, а С. ги немало, дека контактирал со обвинетата и таа цело време велела дека недостасува уште еден во тимот за да С. дојдат, па тогаш ги уплатил парите за да биде тимот комплетен, дека С.не доаѓале па пак и се јавив на обвинетата и таа тогаш рекла дека еден се откажал и повторно недостасува уште еден, дека тогаш му се јавил другарот А. од В. и со него и со обвинетата седнале во еден кафиќ во С., а тука била и С., дека отишле во С. бидејќи сакал да ја види канцеларијата на обвинетата, но таа кажала дека не може да се сретнат во канцеларијата и дека ќе седнат во кафиќ, дека другарот што бил со него му рекол дека работата не му изгледа на добро, па како вработен во АРМ, имајки пријатели во МВР, се распрашал за обвинетата и кога се распрашал му било кажано „и вас ли ве закла“, дека тогаш и кажал на С. со кого си има работа и и рекол да се освести и да си покрене постапки, дека обвинетата парите ги вратила само на А.Ѓ бидејќи неговиот брат бил инспектор во СВР К. а ним парите не им ги вратила, дека долго време барал да потпишат договор, но обвинетата кажувала дека тоа ќе го направат кога ќе дојдат С., па спомнувала дека имало луѓе, маркетинг агенти, кои работеле во некоја градежна фирма во С., па побарал да ги види, но обвинетата не ги однела, дека неговиот другар кој го спомнал се вика Са.А., сопругата се вика Д.К., а шурата се вика Ј.В.
Од исказот на оштетениот како сведок А.Ѓ, се утврди дека оштетената С. ја знаел од поодамна бидејќи му била колешка од факултет, дека обвинетата ја познавал од првиот состанок што им го одржала, дека во една прилика му се јавила С. и му кажала дека знае дека има завршено високо образование, а е невработен, па му кажала дека некоја фирма барала агенти, го повикала на состанок кај неа дома, му рекла да ја слушне презентацијата, па потоа сам да одлучи дали ќе прифати или не, дека во договореното време отишол кај С. дома и таму биле сведоците С., Д., нејзинито сопруг А. Т. и еден негов пријател З. З., дека состанокот го држела обвинетата и таа кажала дека се работи за фирма Е.која се занимава со градби и на која и требааат маркетинг агенти, дека треба да се уплатат 28 илјади денари по што ќе се одржи обука и потоа следи вработување, дека после ова биле одржани уште неколку состаноци од кои дел кај С. дома, дел во Р, а еден состанок и во В. во една кафетерија, дека на тие состаници кои ги држела обвинетата, обвинетата кажувала дека обуката се одлага и објаснувала што треба да се работи кога ќе почнат со работа, дека на вториот состанок и дал на С. 28 илјади денари, дека обука не се одржала, па така на последниот состанок кажал дека се откажува и барал парите да му се вратат, дека кога ги дал парите на С. била присутна и обвинетата, а парите и ги дал на С. бидејќи С. била задолжена за тоа, дека со оглед да поминале 4 до 5 месеци, а немало никаков ефект од таа работа сфатил дека се работи за некаква игра и затоа решил да се откаже, дека парите му биле вратени на сметка во Т. б., како и дека има брат кој работи во Гранична полиција во К..
Од исказот на оштетениот како сведок С.А., се утврди дека С. ја познавал бидејќи се од исто место, а обвинетата ја знаел од контактите во врска со маркетинг агенти, дека имало една средба во ресторанот Е. во Р на која била присутни тој, обвинетата , оштетената С., А.К. и уште едно лице, како и уште две лица од С., дека на таа средба обвинетата кажала дека фирма која се занимава со продажба на градежни материјали има потреба од маркетинг агенти, дека обвинетата му рекла да даде 8 илјади денари, а докиолку сака да добие некаква лиценца, подоцна ќе треба да уплати уште 20 илјади денари, дека во разговор со обвинетата, таа му посочила парите од 8 илјади денари да ги даде на С., па С. ќе ги уплати на нејзина сметка, дека и дал на С. 8 илјади денари, С. ги уплатила на сметка на обвинетата, а како доказ му дала уплатница, дека подоцна не можел да стапи во контакт со обвинетата и С. му кажала дека обвинетата ги сменила броевите на телефон и дека и таа нема контакт со обвинетата, како и дека не бил вработен како маеркетинг агент, од таа работа не излегло ништо, а парите во износ од 8 илјади денари не му се вратени.
Од исказот на оштетената како сведок Д.К. се утврди дека С. ја познавала бидјеќи е мажена во Р и првично со сопругот живееле во Р, дека во една прилика С. им кажала дека постои можност да се вработи како маркетинг агент на некоја фирма, дека се слушнала на телефон со обвинетата и тогаш се запознале, па обвинетата ни кажала дека за неколку денови ќе дојде во Р за да објасни околу работата, дека по неколку дена се сретнале со обвинетата кај С. дома и тука биле присутни сведокот Т., нејзиниот сопруг А.., нејзиниот брат Ј.В и родителите на С. и обвинетата им објаснувала дека е директор на фирма која бара маркетинг агенти, им кажала дека треба да уплатат по 28 илјади денари да поминат обука и потоа ќе се вработат, дека после ова имале уште две-три средби и на секоја ја прашувале обвинетата до каде е работата со обуките и нивното вработување, а таа секогаш велела дека фали уште еден член, дека на С. на сметка и уплатила 28 илајади денари, а потоа С. ги префрлила парите на сметка на обвинетата, дека ова го знае бидејќи била присутна кога С. ги префрлала парите, дека парите не ги уплатила директно на обвинетата бидејќи таа им кажала парите да ги уплатат на С., па таа ќе и ги префрли неа, дека времето минувало, тие успеале да се вработат на други места и на крај сфатиле дека се излажани, дека парите не и се вратени, дека и се јавувла на обвинетата на телефон и барала парите да и ги врати при што обвинетата ветувала дека ќе ги врати парите и во ниеден момент не рекла дека нема да ги врати, дека парите ги барала скоро цела година кога сфатила дека обвинетата нема да ги врати и престанала да ги бара, дека пари дал и нејзиниот сопруг и истите не му се вратени.
Од исказот на оштетениот како сведок Ј.В се утврди дека сведокот Д.К. му е сестра и истата во една прилика го повикала да оди на некоја средба каде што требало да се формира тим на маркетиншки агенти и дека главен на тој тим била С., а агентите биле за фирма на обвинетата, дека отишол кај С. дома и тогаш прв пат ги запознал и С. и Р., дека му било кажано од страна на обвинетата дека треба да се уплатат 8 илјади денари и дека треба да поминат обука, дека по состанокот уплатил 8 илјади денари на сметка на С., дека после оваа средба друга средба немало, дека од таа работа не излегло ништо, а парите не му биле вратени, дека обвинетата кажала дека се работи за агенти на градежна фирма која била нејзина, дека оставил на сестра му да ги бара парите и таа ги барала назад, но парите не се вратени, дека парите ги уплатил на сметка на С. бидејќи така му кажала сестра му Д. и му дала број на транскациска сметка на С., дека сестра му само му кажала дека овие пари се за обука, како и дека парите не му се вратени.
Вака дадените искази на оштетените се поткрепуваат со изведените писмени докази и тоа со уплатниците од извршени уплати.
Имено, од уплатница на износ од 400 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 400 Евра во денарска противредност од 24.621,00 денари.
Од уплатница на износ од 390 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 390 Евра во денарска противредност од 24.033,00 денари, а парите биле уплатени до страна на оштетената С..
Од уплатница на износ од 600 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 600 Евра во денарска противредност од 36.900,00 денари, а парите биле уплатени до страна на оштетената С..
Од уполатница на износ од 870 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 870 Евра во денарска противредност од 53.562,00 денари, а парите биле уплатени до страна на оштетената С..
Од уплатница на износ од 460 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 460 Евра во денарска противредност од 28.287,00 денари, а парите биле уплатени до страна на оштетената С..
Од уплатница на износ од 330 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 330 Евра во денарска противредност од 20.296,00 денари, а парите биле уплатени до страна на оштетената С..
Од уплатница на износ од 743 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 743 Евра во денарска противредност од 45.598,00 денари.
Од уплатница на износ од 570 евра, се утврди дека на сметка на обвинетата биле уплатени 570 Евра.
Од уплатница од 15.07.2011, се утврди дека на 15.07.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 20.000,00 денари.
Од уплатница од 15.07.2011, се утврди дека на 15.07.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 8.000,00 денари.
Од уплатница од 16.08.2011 се утврди дека на 16.08.2011 година во 10:09 часот од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 8.000,00 денари.
Од уплатница од 17.08.2011, се утврди дека на 17.08.2011 година во 11:51 часот од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 20.000,00 денари.
Од уплатница од 02.09.2011, се утврди дека на 2.09.2011 година во 11:04 часот од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 138.000,00 денари.
Од уплатница од 02.09.2011, се утврди дека на ден 2.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 138.000,00 денари.
Од уплатница од 08.09.2011, се утврди дека на 8.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 8.000,00 денари.
Од уплатница од 09.09.2011, се утврди дека на ден 9.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 204.830,00 денари.
Од уплатница од 15.09.2011, се утврди дека на ден 15.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 66.830,00 денари.
Од уплатница од 15.09.2011, се утврди дека на ден 15.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 66.830,00 денари.
Од уплатница од 22.09.2011, се утврди дека на ден 22.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 54.470,00 денари.
Од уплатница од 30.09.2011, се утврди дека оштетениот Г.Тна ден 30.09.2011 година уплатил на сметка на обвинетата сума во износ од 10.200,00 денари.
Од уплатница од 06.10.2011, се утврди дека оштетената С. на ден 6.10.2011 година уплатила на сметка на обвинетата сума во износ од 9.322,00 денари.
Од уплатница од 06.10.2011, се утврди дека на ден 6.10.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 24.780,00 денари.
Од уплатница од 11.01.2012, се утврди дека на ден 11.01.2012 година од страна на оштетениот Г.Тна сметка на обвинетата биле уплатени 37.200,00 денари.
Од уплатница од 01.11.2011, се утврди дека на ден 1.11.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 100.000,00 денари.
Од уплатница од 24.11.2011, се утврди дека на ден 24.11.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 4.000,00 денари.
Од 2 уплатници од 06.12.2011, се утврди дека на ден 6.12.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 1.200,00 денари и 11.050,00 денари.
Од уплатница од 24.12.2011, се утврди дека на ден 24.12.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 109.599,00 денари.
Од уплатница од 27.12.2011, се утврди дека на ден 27.12.2011 година обвинетата внела пари на својата сметка во износ од 109.600,00 денари.
Од уплатница од 17.01.2012, се утврди дека на ден 17.01.2012 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 4.700,00 денари.
Од уплатница од 03.02.2012, се утврди дека оштетениот Г.Тна ден 3.02.2012 година уплатил на сметка на обвинетата сума во износ од 2.000,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, се утврди дека на ден 4.10.2011 година биле уплатени на сметка на обвинетата сума во износ од 1.620,00 денари.
Од уплатница од 24.01.2012, се утврди дека на ден 24.01.2012 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 19.955,00 денари.
Од 4 уплатници од 31.01.2012, се утврди дека на ден 31.01.2012 година од страна на оштетениот Г.Тна сметка на обвинетата биле уплатени 90,00 денари, 7.450,00 денари, 6.000,00 денари и 90,00 денари.
Од уплатница од 10.02.2012, се утврди дека оштетениот Г.Тна ден 10.02.2012 година уплатил на сметка на обвинетата сума во износ од 3.675,00 денари.
Од уплатница од 22.03.2012, се утврди дека оштетениот Г.Тна ден 22.03.2012 година уплатил на сметка на обвинетата сума во износ од 3.062,00 денари.
Од уплатница од 28.03.2012, се утврди дека на ден 28.03.2012 година од страна на оштетениот Г.Тна сметка на обвинетата биле уплатени 4.991,00 денари.
Од образец договор за маркетиншки и рекламни услуги, судот се стекна со визуелна претстава за изгледот на договорот кој го пополнувале оштетените, видно од исказот на сведокот А.Т., која предочен го препозна овој формулар, како договор кој со обвинетата го пополнувале.
Освен наведените, на исказите на оштетените како сведоци С. и Г.Ти и на сведокот Т. Т. се надоврзуваат и даваат целосна слика за настанот и следните писмени докази:
Од нотарски акт изјава за уредување на права и обврски на потписници на меница ОДУ.бр.. од 12.10.2011 на нотар Б.К., се утврди дека оштетениот Г.Т со П. Банка на ден 12.10.2012 година склучил Договор за бизнис кредит во износ од 5000 Евра и дека овој кредит бил одбрен од страна на П. б..
Од договор за бизнис кредит бр.47108249 од 12.10.2011 година, амортизационен план бр.. преглед на парични текови за кредит бр.., се утврди дека оштетениот Г.Т со П. Б.на ден 12.10.2012 година склучил Договор за бизнис кредит во износ од 5000 Евра, кој кредит му бил исплатен од страна на банката на ден 12.10.2012 година.
Од договор за кредит партија бр.. од 31.10.2011 година, се утврди дека на ден 31.10.2011 година помеѓу Т. Т. и Ш. б.бил склучен договор за кредит во износ од 3000 УСД со рок на исплата 24 месеци.
Од договор за залог од 01.11.2011 година се утврди дека заради обезбедување на кредитот во износ од 3000 УСД, кој по основ на Договор за кредит бр.. од 31.10.2011 година помеѓу Ш. б. и Т. Т. и бил одобрен на Т. Т., со овој договор за залог од 1.11.2011 година бил воспоставен залог во вредност од 3350 УСД.
Од договор за орочен депозит од 01.11.2011 година, се утврди дека помеѓу Т. Т. како депонент и Ш.б.како Б. бил склучен договор за уплата на орочен депозит во износ од 3350 УСД од страна на депонентот.
Од договор за девизна сметка од 20.10.2011 година, се утврди дека Т. Т. имала своја девизна сметка.
Од уплатница од 01.11.2011 година, се утврди дека Т. Т. извршила уплата на сметка на Ш.ба. М. на име плаќање на четири рати за кредит и тоа уплатата била во износ од 24.000,00 денари.
Од анекс кон договор бр.. од 09.09.2011 година и анекс.од 02.04.2012 година, се утврди дека оштетената С. била задолжена на име уплата за учество за апартман број седум да плати сума во износ од 53.550,00 денари најдоцна до 6.04.2012 година, 53.550,00 денари најдоцна до 6.07.2012 година и 53.550 денари најдоцна до 6.10.2012 година, дека учеството на Т.за апартман број осум во целост било исплатено, а била задолжена на име месечна рата за апартман број осум да уплаќа за второ тромесечје во износ од по 24.000,00 денари од 1-5.април 2012 година, од 1-5 мај 2012 година и од 1-5 јуни 2012 година.
Од известување за плаќање од 12.06.2012 година, се утврди дека од Е. до оштетената било доставено известување преку меил дека доцни со уплата на рата согласно договор бр..1 од 9.09.2011 година во износ од 24.000,00 денари и уплатата може да ја изврши најдоцна до 14.06.2012 година, а видно од исказот на оштетената ова известување било доставено од фирмата со која скучиле договори за становите и ова известување се однесувало на плаќање на ратите за становите за кои склучиле договори со обвинетата.
Од известување бр.. од 19.04.2016 година ЦР на РМ РРК В. се утврди дека за фирмите Е. Г. и Е-Г., со оспственици В. А. или А.с А., во ЦР не може да се утврдат податоци без ЕМБС, Даночен број или жиро сметка на правните лица.
Од одлука од 30.11.2011 година од совет Општина Р и технички извештај на Г. ДООЕЛ К. се утврди дека на оштетениот Г.Т му била дадена согласност за отпочнување постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација вон населено место за изградба на ладилник за земјоделски производи на КП.бр..и .за КО Р, а постапката ќе биде финансирана од страна на Г..
Од уплатница од 14.07.2011, се утврди дека на 14.07.2011 година во 10:54 часот обвинетата на нејзина сопствена сметка си уплатила 800,00 денари.
Од 6 уплатници од 29.09.2011, се утврди дека на ден 29.09.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 770,00 денари, 720,00 денари, 720,00 денари, 380,00 денари, 1.200,00 денари и 720,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, се утврди дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 180,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 480,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 480,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 900,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 360,00 денари.
Од уплатница од 4.10.2011, дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 900,00 денари.
Од уплатница од 04.10.2011, дека на ден 4.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 180,00 денари.
Од уплатница од 06.10.2011, дека на ден 6.10.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 250,00 денари.
Од уплатница од 06.10.2011, се утврди дека на ден 6.10.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 180,00 денари.
Од уплатница од 10.10.2011, се утврди дека на ден 10.10.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 900,00 денари.
Од 2 уплатници од 10.10.2011, се утврди дека на ден 10.10.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 480,00 денари и 250,00 денари.
Од уплатница од 10.10.2011, се утврди дека на ден 10.10.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 480,00 денари.
Од 2 уплатници од 29.11.2011, се утврди дека на ден 29.11.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 1.200,00 денари и 380,00 денари.
Од уплатница од 06.12.2011, дека на ден 6.12.2011 година на сметка на обвинетата биле уплатени 380,00 денари.
Од 2 уплатници од 14.12.2011, се утврди дека на ден 14.12.2011 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 600,00 денари и 240,00 денари.
Од две уплатници од 21.01.2012, се утврди дека на ден 21.01.2012 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 450,00 денари и 180,00 денари.
Од уплатница од 21.01.2012, се утврди дека оштетената С. на ден 21.01.2012 година уплатила на сметка на обвинетата сума во инзос од 1.200,00 денари.
Од уплатница од 21.01.2012, се утврди дека оштетената С. на ден 21.01.2012 година уплатила на сметка на обвинетата сума во износ од 2.030,00 денари.
Од 3 уплатници од 21.03.2012, се утврди дека на ден 21.03.2012 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 450,00 денари, 450,00 денари и 900,00 денари.
Од уплатница од 21.03.2012, се утврди дека на ден 21.03.2012 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 900,00 денари.
Од 2 уплатници од 26.03.2012, се утврди дека на ден 26.03.2012 година од страна на оштетената С. на сметка на обвинетата биле уплатени 180,00 денари и 630,00 денари.
Од исказот на оштетената се утврди дека сите овие уплати на ситни износи, а кои видно од уплатниците се уплатувани во период од 14.07.2011 година до 26.03.2012 година, кој период претходи и се поклопува со периодот кога биле преземени активности од страна на оштетениот Г.Тза отварање на откупниот центар во смисла на добивање на цитираната согласност од совет Општина Р, склучување на договорот за закуп и закупнина и регистирање фирма, се однесуваат на административни такси и трошоци кои требало да бидат платени во Министерство за земање на земјиште под концесија во м.в. Р. и С. за садење на праски за откупниот центар кој требало да го отворат со обвинетата.
Од договор за закуп од 17.01.2012 година, се утврди дека на ден 17.01.2012 година оштетениот Г.Ткако закупец со Б.Н. како закуподавец склучил договор за закуп на деловен простор на ул..бр. со месечна закупнина од 6.000,00 денари за време од 5 месеци.
Од договор за закупнина од 24.01.2012 година, се утврди дека на ден 24.01.2012 година оштетениот Г.Ткако закупец со Б. Н. како закуподавец склучил договор за закуп на деловен простор со месечна закупнина од 100 Евра за време од 5 месеци.
Од каса прими на Б.А.а, се утврди дека со касата да прими, од страна на А.р. ДООЕЛ на ден 25.05.2012 година, биле уплатени 8.000,00 денари, за основање на ДООЕЛ.
Од историјат на промени од 13.03.2015 година, се утврди дека сопственик и управител на А. Т. ДООЕЛ била оштетената С..
Од историјат од 30.10.2013 година, се утврди дека А. Т. ДООЕЛ е избришан субјек во ЦР на РМ.
Од уплатница на Ве. П., се утврди дека В.П.извршила уплата на своја сметка на сума во износ од 3.300,00 денари.
Од договор за повремено вршење услуги од 17.01.2012 година,се утврди дека на ден 17.01.2012 година оштетениот Горчо, како нарачател на работа го склучил овој договор за лицето Д.Д., како вршител на работата за кога има потреба во време од една година за сума од 20.000,00 денари.
Од договор за трансакциска сметка, се утврди дека оштетениот Г.Тод 28.06.2011 година имал своја транскациска сметка.
Од фактура бр.213-2257, се утврди дека оштетениот Г.Тимал трактор од 28.09.1988 година.
Од извод од катастар на име Г.ТТ., се утврди дека оштетениот Г.Тимал во сопственост нива, овоштарник и лозје.
Од решение за паушално утврден приход на земјоделци од 09.06.2011 година, се утврди дека на оштетениот Г.Ткако земјоделец му бил утврден паушален приход во износ од 334.190,00 денари.
Од договор за привремено вработување од 19.07.2010 година, се утврди дека оштетениот Г.Тбил вработен преку А. К. б. С. во Ф.И. АД К. во период од 19.07.2010 година до 18.10.2010 година.
Од известување бр.. од 08.03.2016 на Управа за водење матични книги се утврди дека оштетениот како сведок С.А. е починат.
При одлучувањето судот ги ценеше Нотарски акт-договор за заем ОДУ бр.. на Нотар В.Д., кој на 30.06.2011 година бил склучен помеѓу обвинетата како заемодавач и оштетената како заемопримач на износ од 124.000,00 денари, Нотарски акт договор за заем ОДУ.бр.. на нотар В., кој на 22.06.2011 година бил склучен помеѓу обвинетата како заемодавач и оштетената како заемопримач за заем на износ од 84.000,00 денари, Пресуда на Основен суд С. 2 Скоје бр.8 П1 2554/12 од 29.03.2013 година и пресуда на Апелационен суд С. ГЖ.бр.5118/13 од 13.02.2014 година, со кои тужбеното барање на оштетената С. за поништување на договорот за заем заверен под ОДУ.бр.. од 30.06.2011 година е одбиено како неосновано, Барање И.бр.616/12 на извршител К. К., од кое се утврди дека извршителот доставил барање до оштетената С. да му достави во рок од три дена податоци за личен имот и приход, Барање за извршување бр.. од 06.07.2012 година, со кое обвинетата преку извршител доставила до оштетената С. Барање за извршување на Нотарски акт за заем од 124.000,00 денари, Налог за извршување И.бр.616/12 на извршител К.К., со кој спрема оштетената С. Т. како должник на 6.07.2012 година или повеќе од три месеци по сторување на кривичното дело од страна на обвинетата, бил издаден налог за извршување заради наплата на главен долг во износ од 124.000,00 денари, а по основ на Нотарски акт ОДУ бр. од 30.06.2011 година на Нотар В.Д.од С., во корист на доверителот Р.С, Барање за извршување бр.. од 06.07.2012 година, се утврди дека обвинетата преку извршител доставила до оштетената С. Барање за извршување на Нотарски акт за заем од 84.000,00 денари, Барање И.бр.615/12, од кое се утврди дека извршителот доставил барање до оштетената С. да му достави во рок од три дена податоци за личен имот и приход и Налог за извршување И.бр.615/12 на извршител К. К., од кој се утврди дека спрема оштетената С. Т. како должник на 6.07.2012 година или повеќе од три месеци по сторување на кривичното дело од страна на обвинетата, бил издаден налог за извршување заради наплата на главен долг во износ од 84.000,00 денари, а по основ на Нотарски акт ОДУ бр.. од 22.06.2011 година на Нотар В.Д.од С., во корист на доверителот Р.С, но истите не доведоа до подруга одлука од страна на судот од причина што оштетената С. и оштетениот Г.Тпоследната уплата на пари на сметка на обвинетата ја извршиле на ден 28.03.2012 година, а налогот за извршување за сумата од 124.000,00 денари спрема оштетената во корист на обвинетата е издаден на ден 6.07.2012 година и налогот за извршување за сумата од 84.000,00 денари спрема оштетената во корист на обвинетата е издаден на ден 6.07.2012 година, што го доведува до закчлучок Судот дека ниту една уплата од страна на оштетените на сметката на обвинетата не е по основ на долг на оштетената спрема обвинетата, кој долг би произлегувал од наведените Договори за заем, туку е по основ кој го наведуваат самите оштетени, за издавање на сертификати, спроведување на обуки, за станови и за ладилник и откупен центар.
При одлучувањето судот ја ценеше одбраната на обвинетата во делот дека кривичното дело кое и се става на товар не го сторила, дека сите оштетени, освен оштетените С. и Г.Тне ги познава и прв пат ги гледа на главен претрес, дека тие се багра, со која не знае дали некој би седнал освен да прави ајвар, дека сите тие наведуваат дека пари давале на оштетената С., а не ја нема никаде во нивните искази, дека не и е познат формулар на Договор за маркетиншки и рекламни услуги, дека со оштетените С. и Г.Тбиле многу блиски, па им давала свои пари секогаш кога им било потребно со обврска да и ги вратат, кои пари оштетените С. и Г.Ти ги враќале и од таму се уплатите во денари и во девизи од оштетените С. и Г.Тна нејзината транскациска сметка, дека оштетените имале идеја да отворат откупен центар за праски во Р, па таа инвестирала свои пари во истиот и тоа пари кои ги добила како хипотекарен кредит во износ од 10000 Евра од Т.б. и еден кредит во износ од 5000 Евра од О. б., како и пари од кредити кои ги подигнала нејзината мајка во износи од 60.000,00 денари и 128.000,00 денари, од кој на оштетените им дала 90.000,00 денари, но еден ден оштетениот Г.Ти кажал дека се изладил од идејата за откупниот центар, поради што односите им се заладиле, дека откупниот центар сама го средила од свои пари и од свои пари платила закупнина, но оштететените сами работеле, а неа не и дали ниту денар, со што таа претрпела загуба, како и дека оштетените никогаш немале земено кредит од Шп.б., но истата ја отфрли како неоснована, дадена со цел да се избегне кривичната одговорност и како контрадикторна како сама на себе, така и на останатите изведени докази.
Имено, одбраната на обвинетата дека сите оштетени, освен оштетените С. и Г.Тне ги познава и прв пат ги гледа на главен претрес, дека тие се багра, со која не знае дали некој би седнал освен да прави ајвар, дека сите тие наведуваат дека пари давале на оштетената С., а не ја нема никаде во нивните искази, како и дека не и е познат формулар на Договор за маркетиншки и рекламни услуги, судот ја отфрли како неоснована, дадена со цел да се избегне кривичната одговорност за кривичното дело опишано во алинеја еден и како контрадикторна на исказот на оштетената С. и оштетениот Г.Тдека откако се запознале со обвинетата, обвинетата и се јавила и и понудила работа на оштетената С. како маркетинг агент, за која треба да се посетува обука и тоа чини 28.000,00 денари, а без обука чини 8.000,00 денари, при што обвинетата била многу убедлива, па тие двајца поверувале и се сретнале со обвинетата кај Клинички центар и и дале 28.000,00 денари, а како обвинетата по некое време кажала дека недостасува уште еден човек, оштетениот Г.Тсе пријавил и и дал на С. уште 28.000,00 денари, кои С. ги уплатила на сметка на обвинетата, дека обвинетата доаѓала во Р и В. и држела предавања на лицата кои и дале пари за маркетинг агенти, но иако обвинетата ги земала парите, не била спроведена обука и не им биле издадени сертификати на оштетените.
Вака дадениот исказ на обвинетата судот го отфрли и како контрадикторен на исказот на оштетениот како сведок Т.Н. дека сведокот Ј.Н. дошол кај него дома и му кажал дека постои фирма од С. која што бара менаџери и дека за 28 илјади денари се добива серитификат и работа во фирма, па се заинтересирал и по извесно време со Ј.Н. отишле кај оштетената С. дома, каде биле присутни А.Ѓ, З.З. и Т. К. и дошла обвинетата и на сите им објаснила дека има градежна фирма која што ќе вработува менаџери, им кажала да платат по 28 илјади денари за да добијат сертификати и работа во фирмата, по што со обвинетата се сретнале повеќе пати, па во два наврати и дал вкупно 28.000,00 денари, но по извесно време обвинетата престанала да одговара на телефон и едноставно исчезнала, а кога звонел на бројот на обвинетата му се јавувала некоја стара жена и кажувала дека таква личност не постои, како и дека не добиле сертификати, не добиле работа и не склучиле никаков договор, а обвинетата им ги покажала договорите како обрасци исти како оној што го има судот, контрадикторен и на исказот на оштетениот како сведок А.Т. дека обвинетата и понудила да ја вработи како маркетинг агент во градежна фирма со тоа што и кажала дека треба да плати 8 илјади денари чланарина и 20 илјади денари за сертифкат, па со С. отишле во С. и во еден кафиќ се сретнале со обвинетата, каде и дала на обвинетата 8 илјади денари, по што обвинетата одржала многу убедителен говор и ја убедила да плати и 20 илјади денари за сертификат, па за таа цел по две до три недели се сретнале на Б. во В. и на обвинетата на рака и ги дала парите, но ја прашала обвинетата нешто во врска со заштита при работата и обвинетата и се јавила наредниот ден и и кажала дека тимот ја исфрлил, кога сфатила дека ниту тим постои, ниту работа постои и си ги побарала парите назад, па С. на сметка и уплатила 18 илјади денари, а долгот до 10 илјади останал, е контрадикторен на исказот на оштетениот како сведок А.К., дека С. му кажала дека обвинетата била директорка на некоја маркетинг агенција и дека требало да формираат тим од маркетинг агенти во некоја градежна фирма, па со обвинетата се сретнале неколку пати, а во една прилика била и кај него дома и им објаснила дека треба да работат како маркетинг агенти на градежна фирма, ќе дојдат луѓе од С.да ги обучуваат и дека треба да платат по 200 евра за лиценца, а може да плаќаат и на рати, па тој дал 8 илјади денари, а пари дале и неговата сопруга Д., неговиот шура Ј. и негов другар С., но по извесно време му дошло сомнително однесувањетпо на обвинетата особено што не сакала да го однесе во нејзината канцеларија во С., па се распрашал во МВР за обвинетата и кога се распрашал му било кажано „и вас ли ве закла“, како и дека обвинетата парите ги вратила само на А.Ѓ бидејќи неговиот брат бил инспектор во СВР К., а ним парите не им ги вратила, контрадикторен на исказот на оштетениот како сведок А.Ѓ дека преку С. бил на состанок кој го одржала обвинетата кај С. дома, каде биле сведоците С., Д., нејзиниот сопруг А. Т.и еден негов пријател З. З., па обвинетата кажала дека се работи за фирма Е.која се занимава со градби и на која и требааат маркетинг агенти, па треба да се уплатат 28 илјади денари по што ќе се одржи обука и потоа следи вработување, па на вториот состанок и дал на С. 28 илјади денари бидејки С. била задолжена за тоа, но обука не се одржала, сфатил дека се работи за некаква игра, па така на последниот состанок кажал дека се откажува и барал парите да му се вратат, како и дека парите му биле вратени на сметка во Т. ба., како контрадикторна на исказот на сведокот С.А., дека имало една средба во ресторанот Е. во Р на која била присутни тој, обвинетата, оштетената С., А.К. и уште едно лице, како и уште две лица од С. и на таа средба обвинетата кажала дека фирма која се занимава со продажба на градежни материјали има потреба од маркетинг агенти, му рекла да даде 8 илјади денари, а доколку сака да добие некаква лиценца, подоцна ќе треба да уплати уште 20 илјади денари, дека и дал на С. 8 илјади денари, а С. ги уплатила на сметка на обвинетата и како доказ му дала уплатница, но подоцна не можел да стапи во контакт со обвинетата и С. му кажала дека обвинетата ги сменила броевите на телефон и дека и таа нема контакт со обивнетата, како и дека не бил вработен како маркетинг агент, од таа работа не излегло ништо, а парите во износ од 8 илјади денари не му се вратени, како контрадикторна на исказот на оштетената како сведок Д.К. дека се сретнале со обвинетата кај С. дома и тука биле присутни сведокот Т., нејзиниот сопруг А., нејзиниот брат Ј.В и родителите на С. и обвинетата им објаснувала дека е директор на фирма која бара маркетинг агенти, им кажала дека треба да уплатат по 28 илјади денари да поминат обука и потоа ќе се вработат, па имале уште две-три средби и на секоја ја прашувале обвинетата до каде е работата со обуките и нивното вработување, а таа секогаш велела дека фали уште еден член, на С. на сметка и уплатила 28 илајади денари, а потоа С. во нејзино присуство ги префрлила парите на сметка на обвинетата, времето одминувало, но од вработувањето ништо и на крај сфатиле дека се излажани, и се јавувала на обвинетата на телефон и барала парите да и ги врати скоро цела година, обвинетата ветувала дека ќе ги врати парите и во ниеден момент не рекла дека нема да ги врати, но кога сфатила дека обвинетата нема да ги врати и престанала да ги бара и како контрадикторна на исказот на оштетениот како сведок Ј.В дека отишол кај С. дома, каде му било кажано од страна на обвинетата дека се работи за маркетинг агенти на градежна фирма која била нејзина, за што треба да се уплатат 8 илјади денари и треба да поминат обука за маркетинг агенти, па по состанокот уплатил 8 илјади денари на сметка на С., но од таа работа не излегло ништо, а парите не му биле вратени.
Судот поклони верба на вала дадените искази на оштетените како сведоци од причина што сите се надоврзуваат, поклопуваат и чинат логична целина, како меѓу себе, така и со останатите изведени докази, за разлика од исказот на обвинетата кој е е осамен и контрадикторен како на исказите на овие оштетени како сведоци, така и на останатите изведени писмени докази.
Одбраната на обвинетата дека оштетените имале идеја да отворат откупен центар за праски во Р, па таа инвестирала свои пари во истиот и тоа пари кои ги добила како хипотекарен кредит во износ од 10000 Евра од Т. б. и еден кредит во износ од 5000 Евра од О. б. како и пари од кредити кои ги подигнала нејзината мајка во износи од 60.000,00 денари и 128.000,00 денари, од кој на оштетените им дала 90.000,00 денари, но еден ден оштетениот Г.Ти кажал дека се изладил од идејата за откупниот центар, поради што односите им се заладиле, дека откупниот центар сама го средила од свои пари и од свои пари платила закупнина, но оштететените сами работеле, а неа не и дали ниту денар, со што таа претрпела загуба, судот ја отфрли како нелогична, непоткрепена со ниту еден доказ и како контрадикторна како сама на себе, така и на останатите изведени докази.
Имено, вака дадената одбрана на обвинетата судот ја отфрли како нелогична и контрадикторна на договор за Т-Л.к. од 24.01.2008 година, со одбрен денарски лимит во износ од 55.000,00 денари, со договор за потрошувачки кредит од 30.05.2008 година, склучен со ТТ. б. АД С. за сума во износ од 100.000,00 денари и договор за потрошувачки кредит од 05.08.2008 година, склучен со ТТ.б. за сума во износ од 610.000,00 денари, од причина што видно од овие договори, истите обвинетата ги склучила уште во 2008 година или четири години пред настанот, кога не се ни познавала со оштетените, па не може да се извлече заклучок дека обвинетата навистина овие кредити ги подигнала за финансирање на изградба на ладилник и откупен центар со лица кои воопшто, во моментот не ги познавала.
Судот ја отфрли вака дадената одбрана на обвинетата и како контрадикторна и сама на себе од причина што додека обвинетата во истрага наведува дека не се изградиле ладилникот и откупниот центар бидејки оштетениот Г.Ти рекол дека „се изладил од идејата“, на главен претрес наведе дека работата пропаднала бидејки имало проблем со земјиштето и со Ц.Р.П., што, пак е контрадикторно на Одлука од 30.11.2011 година од совет Општина Р и технички извештај на Г. ДООЕЛ К. од кои неспорно се утврди дека на оштетениот Г.Т му била дадена согласност за отпочнување постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација вон населено место за изградба на ладилник за земјоделски производи на КП.бр..и . за КО Р и проблем со земјиштето немало.
Вака дадената одбрана на обвинетата судот ја отфрли и како контрадикторна на исказите на оштетените како сведоци С. и Г.Ти сведокот Т. дека обвинетата му предложила на оштетениот Г.Тда градат ладилник, па оштетениот Г.Тнашол место за кое добил одбрение од Градоначалникот на Р, видно од Одлука од 30.11.2011 година од Совет на Општина Р, но обвинетата подоцна се откажала од оваа идеја, па предложила да отворат откупен центар, за што оштетениот Г.Тсо лицето Б.Н.склучил договор за закуп, видно од два Договори за закуп, а обвинетата им кажала дека за тоа треба да се регистрира фирма и да се вложат пари, поради што оштетениот Г.Ти сведокот Т. подигнале кредити, видно од склучените договори за кредит со П. б. и Ш. б., па парите од кредитите во целост и ги дале на обвинетата, а обвинетата си ги уплатила на своја сметка, а од парите од кредитот на оштетениот Г.Ти дала на оштетената С. 30.000,00 денари да ја плати закупнината на лицето Б., што оштетената С. го сторила уплаќајки ги парите на ова лице.
Дека оштетените С. и Г.Ти сведокот Т. ја зборуваат вистината судот утврди од фактот што овие искази се надоврзуваат како меѓу себе така и со останатите изведени докази и се поткрепуваат со уплатници од извршени уплати на сметката на обвинетата, а при давањето на својот исказ, сведокот Т. плачеше и на судот му остави впечаток дека ја зборува вистината велејки „Јас на овие години берам праски, а таа ми ги зеде сите пари“.
Одбраната на обвинетата дека оштетените никогаш немале земено кредит од Ш.б., судот ја отфрли како контрадикторна на Договор за кредит партија бр..од 31.10.2011 година, од кој се утврди дека на ден 31.10.2011 година помеѓу Т. Т. и Ш. ба.бил склучен договор за кредит во износ од 3000 УСД со рок на исплата 24 месеци.
Одбраната на обвинетата дека не го сторила кривичното дело кое и се става на товар, судот ја отфрли како контрадиктрона на исказите на оштетените како сведоци Г.Ти С. и сведокот Т. дека обвинетата им кажала дека нејзиниот сопруг и свекор имаат градежна фирма и им понудила да купат два стана по поволна цена, велејки им дека ќе ја вработи С. во нејзината фирма и ќе и запира од плата, а тие ќе треба да платат само учество за двата стана и рати за еден стан и тоа уплатите да ги вршат на нејзината сметка бидејки сметките на фирмата биле тајни, па оштетените и поверувале и извршиле уплати на учествата и рати, а кога оштетениот Г.Тодел во С. да ги види становите обвинетата го избегнувала велејки дека не може да се сретне со него поради обврски, за да подоцна и престане да му одговара на повиците, се додека оштетените не сфатиле дека се измамени. Дека фактите кои обвинетата им ги прикажувала на оштетените дека нејзиниот сопруг и свекор имаат градежна фирма која гради и продава станови, биле невистинити, судот утврди и од исказот на самата обвинета која кажа дека никогаш не била мажена и никогаш не била содружник или сопственик на градежна фирма. Вака дадените искази на оштетените и сведокот Т. се поткрепуваат со Уплатниците за извршени девизни и денарски уплати од страна на оштетените С. и Г.Тна сметка на обвинетата.
Одбраната на обвинетата дека со оштетените С. и Г.Тбиле многу блиски, па им давала свои пари секогаш кога им било потребно со обврска да и ги вратат, кои пари оштетените С. и Г.Ти ги враќале и од таму се уплатите во денари и во девизи од оштетените С. и Г.Тна нејзината транскациска сметка, судот ја отфрли како неоснована, непоткрепена со ниту еден доказ и како контрадикторна со Барање за извршување бр.616/12 од 06.07.2012 година, Налог за извршување И.бр.616/12 на извршител К. К., нотарски акт договор за заем ОДУ бр.. на Нотар В. Д., барање И.бр.616/12 на извршител К. К. Барање за извршување бр.615/12 од 06.07.2012 година, налог за извршување И.бр.615/12 на извршител К. К., Нотарски акт договор за заем ОДУ.бр.на нотар В.и Барање И.бр.615/12, од кои се утврди дека е точно да обвинетата на оштетената С. во два наврати и дала пари на заем за што склучиле два Договори за заем заверени на нотар, но од фактот што за наплата на своето побарување во целост, обвинетата повела извршна постаока спрема оштетената зборува дека оштетената, спротивно на одбраната на обвинетата, не ги враќала своите долгови на обвинетата, па обвинетата повела постапка за извршување, што значи дека уплатите во денари и девизи од страна на оштетените С. и Г.Тна сметка на обвинетата не биле по основ на заем, како што тврди обвинетата трудејки се на тој начин да ја избегне својата кривична одговорност.
Исто така, видно од цитираните докази, извршна постапка од страна на обвинетата спрема оштетената С. Т. била поведена на ден 6.07.2012 година или повеќе од три месеци по последната уплата на сметка на обвинетата извршена од страна на оштетените, која била извршена на 28.03.2012 година, што доведува до заклучок дека ниту една уплата од страна на оштетените на сметката на обвинетата, не била по основ на долг на оштетените С. и Г.Тспрема обвинетата, туку е по основ кој го наведуваат самите оштетени, за издавање на сертификати, спроведување на обуки, за станови и за ладилник и откупен центар. Доколку оштетените С. и Г.Твршеле уплати на сметката на обвинетата по основ на долг кој го имале спрема обвинетата, обвинетата не би повела извршна постапка за наплата на своите побарувања спрема оштетената С. или би повела извршна постапка за наплата само на преостанат дел од своето побарување, а не за наплата на своите побарувања во целост, како што се наведени во договорите за заем.
При одлучувањето судот ги ценеше договор за Т-Л.картичка од 24.01.2008 година, договор за потрошувачки кредит од 30.05.2008 година, договор за потрошувачки кредит од 05.08.2008 година, но од истите не можеше да утврди ниту еден факт битен за правилно утврдување на фактичката состојба, освен фактот да обвинетата не ја зборува вистината така како што е претходно обрзаложено, особено имајки во предвид да сите овие договори се склучени три години пред кривично правниот настан.
При одлучувањето судот ги ценеше уплатници од 07.04.2012, 06.12.2011, 22.02.2012, 13.09.2011 година и уплатница бр.., но истите не доведоа до подруга одлука од страна на судот од причина што уплатата извршена од страна на обвинетата на сметка на оштетената С. на ден 7.04.2012 година на сума во износ од 24.000,00 е извршена после стореното кривично дело, две уплати и тоа уплатница бр.ТТ.бр.. и уплатница од 22.02.2012 година се извршени од страна на Р. С. која во оваа постапка не е ниту обвинета, ниту учесник и нема никаква поврзаност со кривино правниот настан, а останатите две уплати се во вкупен износ од 18.000,00 денари, толку колку што оштетената С. и уплатила на сметка на оштетената А. за да обвинетата на тој начин и врати дел од парите на А. во износ од 18.000,00 денари, па овие докази приложени од страна на обвинетата не доведоа до подруга одлука од страна на судот, а имајки ги при тоа во предвид сите останати изведени докази од кои неспорно се утврди дека обвинетата го сторила кривичното дело кое и се става на товар, онака како што е претходно образложено.
При одлучувањето судот ги ценеше имотен лист бр.. и извод од сметка од 01.01.2010 година до 10.10.2011 година, но од истите не можеше да утврди ниту еден факт битен за правилно утврдување на фактичката состојба.
Од вака утврдената фактичка состојба судот утврди дека во дејствијата на обвинетата се содржани битните елементи на кривичното дело Измама од чл.247 ст.4 в.в.ст.1 в.в.чл.45 ст.1 од КЗ поради што ја огласи за виновна за ова кривично дело и и утврди казна затвор во траење од 2 години истовремено условувајќи ја за време од 4 години
При одмерувањето на видот и висината на кривичната санкција судот како отежнителни ги зеде во предвид околностите за видот и тежината на кривичното дело, степенот на кривичната одговорност на обвинетата, а за олеснителни ги зеде околностите дека обвинетата досега е неосудувана, па сметаше дека спрема обвинетата не е нужно да се примени казна и дека со самата закана од казна казна ќе се постигне целта на казнувањето да обвинетата и средината во која живее и се движи не вршат вакви или слични кривични дела.
При одлучувањето судот го измени описот на обвинението без да го нарушува објективниот идентитет на истото, така што во алинеја еден по зборовоте „А.К.“ стои „8.000,00 денари“, наместо „12.000,00 денари“ од причина што видно од исказот на оштетениот како сведок А.К., тој на обвинетата и дал 8.000,00 денари, а не 12.000,00 денари, па следствено на тоа во уводниот дел од обвинението наместо „2.051.310,00 денари“ стои „2.047.310,00 денари“.
Судот согласно чл.92 в.в. чл.98 ст.1 и 2 од ЗКП, ја задолжи обвинетата да ги надомести трошоците на кривичната постапка и тоа на име паушал да плати сума во износ од 6.000,00 денари, на име патни трошоци за сведоци да плати за сведокот А.Ѓ 300,00 денари, за сведокот Ј.В 720,00 денари и за сведокот Т.Н. 300,00 денари и на оштетените С. и Г.Ти на име награда за полномошник да им исплати сума во износ од 69.300,00 денари, а кои се однесуваат на состав на полномошно 1.300,00 денари и за 17 застапувања со паушал и часовнина од по 4.000,00 денари, во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.
Согласно чл.102 од ЗКП, судот ја задолжи обвинетата обвинетата Р.С од С. на оштетената А.Т. на име надомест на штета да и плати сума во износ од 10.000,00 денари, на оштетената Д.К. на име надомест на штета да и плати сума во износ од 28.000,00 денари, на оштетениот Ј.В на име надомест на штета да му плати сума во износ од 8.000,00 денари, на оштетениот А.К. на име надомест на штета да му плати сума во износ од 8.000,00 денари, на оштетениот Т.Н. на име надомест на штета да му плати сума во износ од 28.000,00 денари и на оштетениот Г.Т на име надомест на штета да му исплати сума во износ од 1.911.310,00 денари во рок од 6 /шест/ месеци од правосилноста на пресудата.
Согласно чл.49 од КЗ судот одлучи дека доколку обвинетата не ја надомести штетата на оштетените во определениот рок од 6 /шест/ месеци условната осуда ќе се отповика и утврдената казна затвор во траење од две години ќе се изврши.
Согласно чл.102 од ЗКП, оштетениот Г.Т за остварување на своето имотно правно барање за разликата од досудениот износ од 1.911.310,00 до бараниот износ од 1.928.640,00 денари, оштетената А.Т. за остварување на своето имотно правно барање за разликата од досудениот износ од 10.000,00 денари до бараниот износ од 18.000,00 денари, оштетениот А.К. за остварување на своето имотно правно барање за разликата од досудениот износ од 8.000,00 денари до бараниот износ од 14.000,00 денари, се упатуваат на спор.

Основен суд В., К.бр.18/2016 од 21.04.2016 година.

Претседател на совет
Записничар, Судија,
Билјана Петровска Габриела Гајдова

ПРАВНА ПОУКА:
Против ова пресуда незадоволната странка има право на жалба во рок од 15 дена од приемот преку овој суд до Апелационен суд С..

ДН:ОЈО, обвинета, бранител, оштетени, полномошик и кон списите.
 

23 август 2016 - 10:04