- Легендарната југословенска марка автомобили Југо се враќа на пазарот речиси 20 години по завршувањето на производството.
- Лани во Германија беше презентиран новиот дизајн а актуелниот сопственик сопственик на марката, српскиот бизнисмен и универзитетски професор Александар Бјелиќ, обелодени нови детали ои најави дека првиот прототип ќе биде покажан на белградското ЕКСПО 2027.
- Новото Југо ќе има хибриден погон со технологија за продолжување на дометот (range extender), што значи дека моторот со внатрешно согорување првенствено ќе служи како генератор за производство на електрична енергија. Автомобилот нема да зависи од инфраструктурата за полнење и нема да има надворешен кабел за полнење.
- Потрошувачката на гориво би требало да биде исклучително ниска - во идеални услови само 2,2 литри на 100 километри.
- Предвидената цена му е 12.000 евра со што ќе биде еден од најевтините автомобили во Европа.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.