Овде (.pdf) ja имате клучната и пресвртна научна студија во која се тврди дека иако е игра на случајност, во играта сепак постои победничка стратегија.
Храброто тврдење е разултат на истражување на група кинески истражувачи кои земале 360 ученици, ги поделиле во 6 групи и ги пуштиле да играат по 360 рунди во случајни парови. За да не се опуштат па играат безвезе, за успех се добивала мала парична надокнада.
"Ако играч победи во една рунда, многу поверојатно е дека во следната рунда ќе ја повтори истата фигура отколку да ја смени", гласи еден од заклучоците во оваа бексомпромисна студија.
Од друга страна, ако ако играч губи две или повеќе раце, нема да го игра истиот знак туку најверојатно ќе го игра оној знак од кој избубил во претходните раце.
Накратко, стратегијата е "победуваш - држиш, губиш - менуваш".
- Еве како изгледа листата со читови:
Ако си победил во последната рака...
- .... играјќи камен, следно играј ножички
- .... со ножички, играј лист
- ... со лист, играј камен.
Ако си ја изгубил последната рака... (а противникот не чита Оффнет)
- ...со камен - играј ножички
- ... со ножички, тогаш играј лист.
- .. со лист, следно играј камен.
Ако си ја изгубил последната рака (а противникот чита Oффнет)
- .... со камен, играј лист
- ... со ножички, играј камен
- ....со лист, играј ножички
Да повториме, натенане читнете си овде