Украински пратеници бараат ослободување на политичките затвореници

Неодамна во украинскиот парламент се формираше интер-политичка група „Ние сме за мир“ кои тврдат дека наспроти огромната воља на Украинците за ставање крај на војната, мировните напори се саботирани од Зеленски и воено-индустрискиот комплекс. Двајца од нив им пишаа на луѓето за преговори на Трамп. Тврдат дека Украина држи 30.000 политички затвореници, повеќе од Русија и Белорусија, заедно.

 Во писмото до Стив Виткоф и Џаред Кушнер, украинските парламентарци Олекандр Дубински и Артем Дмитрук ги обвинуваат украинските елитите, предводени од претседателот Володимир Зеленски, дека систематски ги саботираат напорите за прекин на војната, со цел да продолжат да профитираат од конфликтот.

Eлитиte околу Зеленски кои се поврзани со военo-индустрискиот комплекс во Европа се обидуваат да ја маскираат својата желба за продолжување на војната – во која бедните страдаат а богатите профитираат - претставувајќи ја како волја на народот.

„Преку 70 % од украинските граѓани поддржуваат моменталн прекин на огнот но нивната волја е потисната од репресивниот апарат на Зеленски кој прибегнува кон тортура, незаконски прогони и затворски казни за предавство базирани на фабрицирани причини“, пишуваат Дубински и Дмитрук.

Според нив, во Украина има 30.000 политички затвореници – повеќе отколку во Русија и Белорусија заедно.

Нивната „Ние сме за мир“ група вклучува пратеници кои сега се соочуваат со апсења или прогон во егзил. 

„Маргинализацијата на про-мировните гласови е очигледна стратегија на Зеленски за саботажа на било каков потенцијален глас за мир во украинскиот Парламент“, се вели во писмото во кое се бара ослободување на политичките затвореници. 

Дубински и Дмитрук бараат за прашањето војна или мир да одлучуваат луѓето на референдум а не елитите на Зеленски. 

 

6 декември 2025 - 20:12