Во синоќешната победа на Денвер Нагетс над Торонто Репторс (128:109), Џокерот повторно блесна и го запиша третиот трипл-дабл сезонава или вкупно 201. во НБА кариерата.
За овој подвиг му беа потребни 30 минути поминати на паркетот. Тој го заврши натпреварот со 32 поени, 11 асистенции, 10 скокови и 3 украдени топки, со фантастичен шут од игра од 68.4% (13/19).
Колку беше доминантен зборува и фактот што српскиот ас воопшто не влезе во игра во последната четвртина. Тој постави два неверојатни рекорди:
Стана играч со најмногу трипл-дабл ефекти постигнати за помалку од 30 минути во историјата на НБА. Ова му беше 19-ти, а Расел Вестбрук има 16.
Стигна до 90-ти трипл-дабл остварен пред почетокот на четвртата четвртина, што е апсолутен рекорд во лигата во последните 40 години.
201 CAREER TRIPLE-DOUBLES FOR JOKER! Jokić has now completed 90 of them before the 4Q even begins... nearly 45% of his career total 🤯 32p, 10r, 11a and 3s in the W vs. Toronto! https://t.co/eDaBWRBAIu
— NBA (@NBA) November 5, 2026