Таг: никола јокиќ

Јокиќ ја завршува сезоната 2025/2026 со трипл-дабл во просек

Без разлика на својот личен учинок на последните пет средби од регуларниот дел од сезоната, Никола Јокиќ веќе има трипл-дабл во просек и тоа втора сезона по ред. Ваков подвиг има само уште еден играч во НБА историјата, а тоа е Расел Вестбрук.

Нов монструозен трипл-дабл на Јокиќ, број 30 сезонава

Само еден ден откако го добија Феникс, кошаркарите на Денвер славеа против Далас со 142-135. Само еден ден откако Јокиќ оствари трипл-дабл, еве го со нов. Само прашање на време е кога ќе го стигне рекордот на Расел Вестбрук.

Јокиќ: Во САД отидовме со 1.000 евра, а браќата прво купија 100 пара чорапи

Јас сакам да правам скаутинг, да ги анализирам играчите. Мислам дека таа подготвеност пред натпревар е пола завршена работа. Ако тоа го знаеш, тогаш одиш на повисоко ниво, а тоа е препознавање на нивните акции. Мислам дека тоа се детали кои ја менуваат кошарката.

Никола е наш човек

Ако на некој му треба прирачник за животот, ќе му го каже Никола Јокиќ во кратки црти.

Трилп дабл на Јокиќ број 23 сезонава, Дончиќ и Леброн на колена

Денвер Нагетс ја доби битката на Западот против Лос Анџелес Лејкерс со 120-113 и ја продолжи борбата за врвот. Никола Јокиќ одигра на своето ниво со 26 поени, 12 скока и 13 асистенции, а Џамал ​​Мареј постигна 27 поени. Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 27 поени и 11 скока, а Џејмс заврши со 16 поени.

Јокиќ од Охрид

Србите на социјалните мрежат вртат видео од Охрид, каде го најдоа Јокиќ џуниор.  Исти фриз, нос, очи. Не можеш да го видиш, а да не помислиш колку личат.

Јокиќ тактика за избегнување фаул

Денвер ја доби Јута на гости со 128-125. Играч на мечот беше Мареј со 45 поени. Никола Јокиќ оствари дабл дабл учинок и со потег како на кечери го надмудри Кијонте Џорџ, кој почна да го фаулира со раце.

Тензично во Оклахома, Јокиќ и Вилијамс се фатија за врат

Денвер Нагетс загуби на гостувањето против Оклахома во продолженија со 121-127. Мареј постигна 39 поени, а Јокиќ оствари трипл-дабл. Србинот влезе во клинч со Лугенц Дорт, кој неспортски го фаулираше, а потоа и со Џејлин Вилијамс, кој застана во одбрана на својот соиграч. Дорт беше исклучен за намерниот фаул, а Јокиќ доби техничка.

Џокер за 10 години во НБА веќе има статистика за во Куќата на славните

Српскиот феномен кој ја промени кошарката, вчера наполни 31 година. Страшно изледаат овие бројки до сега. Замислете ако игра уште 10 години.

Го прашуваат Јокиќ дали ќе плаче кога Леброн ќе се пензионира

Кај него нема дипломатски, туку само директни, оригинални и искрени одговори.

Никола две години по ред се мајтапи со Виктор за истото

Јокиќ лани пред Ол стар му се чудел на Вембанјама зошто носи книга пред натпревар, а овој: Е добро е, не носам октопод. Оваа година пак истиот муабет, во негов стил. Ах да можат да зборат тоа соблекувалните, кој знае што ќе излезе.

НБА играч го носи Св.Ѓорѓи на јакната, Јокиќ и Кари се чудеа

Интересен момент се случи на Ол стар викендот. Карл Ентони Таунс се појави со јакна на која на грбот е направен вез со Св. Ѓорѓи како ја убива ламјата. Јокиќ им објасни дека тоа е српска работа и побара да го сликаат.

Статистиката на Јокиќ до Ол старот

Специјалистите за статистика Опта, извадија јак податок за Никола Јокиќ, кој дефинитивно ја промени кошарката во САД. Единствен во историјата е со вакви бројки од почеток на сезоната до Ол стар игрите.

Трипл-дабл на Јокиќ за само три четвртини

На секои два дена Денвер има натпревар, на секои два дена Никола Јокиќ лупа трипл-дабл. Ќе го стигне Вестбрук, од тоа нема бегање.

Додека да се разбуди човек, Јокиќ пак направил трипл-дабл

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл во трет натпревар по ред. На Оскар Робертсон му избега со два повеќе и сега прашање на време е кога ќе го стигне и Расел Вестбрук на првата позиција. 

Пешиќ за прогресот во играта на Јокиќ

Најнов гостин во емисијата „Еден на еден“ е Светислав Пешиќ. Легендарниот српски стратег, кој со Југославија стана светски (2001) и европски првак (2002) и кој на Србите им донесе сребро на СП 2023 и бронза на Олимписките игри 2024, зборува за тоа колку Јокиќ оди напред од сезона во сезона и колку работел за да стигне до ова ниво.

Се врати Јокиќ и тоа со 31 поен и 12 скока

Повредата на Никола Јокиќ е минато. Направи кам бек и одигра партија како да не отсуствувал еден месец. Денвер Нагетс ги доби Лос Анџелес Клиперс со 122-109, а Србинот го заврши мечот со 31 поен, 12 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки.

Од штала до 276 милиони долари и трикратен МВП

 

Никола Јокиќ за малку ќе се откажел од кошарка поради лоши тренери и љубов према коњите. Но и покрај низата проблеми, како и предизвици да се откаже од балканското со бурек, кока кола и благо, успеал да ги надмине пречките и денес е најплатен НБА играч во историјата, како и сметан за број 1 во свет. Ова е приказна за неговиот пат до врвот.

Моментот кога Јокиќ се струполи на земја и едвај одеше до соблекувална

Денвер Нагетс се на маки. Се повреди најдобриот. Првичните прогнози не се добри.

Кошаркарското IQ на Јокиќ

Србинот на мечот против Орландо, стигна до 5.661 асистенција и со тоа стана центар со најмногу асистенции во НБА, со што го симна од тронот легендарниот Карим Абдул Џабар. Рекорд до рекорд. Но, обрнете на оваа куса компилација. Ги надмудрува и се мајтапи со кој стигне.

Колку и да му зборуваат за рекордите, тој се мајтапи

Каков лик е Никола Јокиќ. Репортерот му вели дека станал центар со најмногу асистенции во историјата на НБА и го прашува дали му значи тоа нешто. А тој:

Падна рекордот на Џабар, центар со најмногу асистенции во НБА е Јокиќ

Веќе не е вест кога Никола Јокиќ ќе запише трипл-дабл, нешто што ноќеска го направи. Тој испиша нова историја и ги помести границите во НБА. Стана центар со рекорден број на асистенции во историјата на најквалитетната кошаркарска лига во светот.