Никола Јокиќ во подкастот „X&O's CHAT“ зборува на куп теми, од првите маалски партии баскет кога јадел ќотек од браќата, кафанските ќејфови со татко му во Сомбор, игрите во Мега, драфтот во НБА, споредбите со Евролигата, начините на тренирање, анализите на противникот...
„Игравме баскет 3 на 3. Многу сакав да играм баскет. И ден денес сакам да играм, тоа е најјака работа на свет. Играш, се буткаш“.
За пристигнувањето во САД
„Кога дојдов во НБА, немав воопшто пари од Мега, можеби некои 1.000-2.000 евра. Што вика мојот кум, колку за пуканки и паркинг и толку се парите. Секој играч кој доаѓа во НБА добива одредена сум на пари, мислам беа 75.000 евра за да си платиш стан, бидејќи јас немав пари за стан, кој инаку сам го барав. Пристигнавме во Лас Вегас, а првата работа која ја купија браќата Страхиња и Немања беа 100 пара чорапи. Викам нормални ли сте вие, ќе немаме за јадење? Што ќе ви се толку чорапи?
Детството и меракот за во кафана
„Имавме убаво детство со браќата. Одевме и на летување и на зимување. Патувавме и кога имавме и кога немавме пари. Одевме по гости, на слави, по кафани. Јас со татко ми на 10 години одев во кафана и јас сум благодарен на тоа. Посакувам луѓето да се однесуваат во кафана како татко ми. Научив и песни, и како да се однесувам, како се пее, како се вика келнер, како се пие пијачка, како се крши чаша. Иако татко ми никогаш не сум го видел да скрши чаша, а јас сум скршил. Мислам дека понекогаш сум многу емотивен. Често знам да заплачам на песна. За мене тамбурашите се закон. Сум одел и на концерти, во клубови и дискотеки и дома и во странство, но за мене врвот на проводот е со тамбураши. До 4 сабајле главев со татко ми.
Како успеваш да останеш смирен после пораз?
Немам проблем да изгубам, да погрешам, да промашам. Можеби порано кога се докажував и кога се борев за позиција да, но сега со искуството и успесите, немам проблем и да промашам 10 шута. Не се плашам. Свесен сум дека може да се случи. На пример кога има 10 секунди до крај и треба да тргне акцијата, јас го замислувам секое можно сценарио. Што ако ни падне топката, што ако ни ја украдат, што ако ме чува понизок од мене, што ако биде повисок.
Скаутинг и анализа на акциите и играчите
Јас сакам да правам скаутинг, да ги анализирам играчите. Но тоа го правам со новите. На пример не ги скаутирам Нуркиќ или Вучевиќ, бидејќи против нив играм 11 години и ги познавам. Мислам дека таа подготвеност пред натпревар е пола завршена работа. Ако тоа го знаеш, тогаш одиш на повисоко ниво, а тоа е препознавање на нивните акции. Мислам дека тоа се детали кои ја менуваат кошарката.
Најголем проблем кога дојде во НБА?
Брзината и терминологијата. Потешко ми беше да се прилагодам дефанзивно од офанзивно. Ми требаше време да ги научам играчите, движењата.
Каква ти е рутината, дали ти е иста од пред четири, пет години?
Теретана и трчање колку што е потребно. Шутирам многу, правам разно разни движења. Ако одиграм лошо на неколку меча или ако имам слободен ден, тренирам повеќе. Имам три-четири врсти на тренирање.
Колку е тешко да се игра во НБА?
Тој што вика дека во НБА не се внимава на одбрана тоа е голема глупост. Или не следи или не разбира. Лука Дончиќ беше МВП во Евролига на 18 години? На сите им даваше по 30, 40, 50 поени. Даваше повеќе на Европско, отколку сега во НБА.