Јак историски момент во НБА: Трипл дабл број 200 за Никола Јокиќ

Српскиот велемајстор Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата. Станa втор играч со 200 трипл дабл учиноци и тоа со 360 меча помалку од првиот.

Центарот на Денвер Нагетс, уште еднаш ги помести границите во кошарката. На гостувањето против Њу Орлеанс Пеликанс, го забележа својот јубилеен 200-ти трипл-дабл во регуларниот дел од НБА кариерата, со кој го предводеше својот тим до победа од 104-91.

Јокиќ го заврши натпреварот со 21 поен, 13 скокови и 10 асистенции. Со овој учинок, тој стана само втор кошаркар во цела НБА историја на кому му успеало да стигнe до оваа магична бројка.

Супериорна брзина и ефикасност

Она што го прави успехот на популарниот Џокер уште поимпресивен е брзината со која стигна до оваа фантастична бројлка.

Додека на Вестбрук му беа потребни 1.175 натпревари за да дојде до 200 трипл-дабли, Јокиќ го направи тоа во својот 814-ти натпревар во кариерата или за 360 натпревари побрзо.

Интересно е што овој историски момент се случи точно на годишнината од неговото деби во НБА лигата (28 октомври 2015 година).

Рекордот на Вестбрук е на дофат

Со оглед на неверојатната форма и константност на српскиот репрезентативец, прашање на време е кога ќе стане апсолутен рекордер. 

На вечната листа, пред него е само Расел Вестбрук со 209 вакви остварувања. На Јокиќ му недостигаат уште само 10 трипл-дабли за да застане осамен на самиот врв.

Топ 5 играчи со најмногу трипл-дабл учиноци во НБА:

• Расел Вестбрук – 209
• Никола Јокиќ – 200
• Оскар Робертсон – 181
• Меџик Џонсон – 138
• Леброн Џејмс – 125

Денвер Нагетс имаат скор од 2 победи и 2 порази на стартот на новата сезона, а следниот предизвик за Јокиќ и другарите ќе биде отворањето на НБА Купот против тимот на Финикс Санс. 

29 октомври 2026 - 08:23