Концентрат за клетви

На човек од нашето соседство (Србија) му го крадат старото возило Застава 128. Распаметен од ова, на непознатиот крадец му ја пишува следнава епопеја:

Што не ја зема онаа Вектра

или БМВ од нарко дилерот

од влезот до мојот?

Како ли само ја запали кога

јас верглам по 10 минути?

Ти цркна ли гума како на мене

пред два дена?

Пушти ли греење преку хауба пошто

сајлата е скината?

До каде стигна со оние

3 литри бензин во резервоар?

До првата бандера,

рака да ти се исуши!

Те запре ли полицаец,

што немаш преден десен жмигавец,

нозе да ти искрши со пендрек!

Се наслуша ли музика на оној продуван

звучник,

мозок низ уши да ти истече!

Запали цигара на ауспух,

на мајка ти да и го спалам,

пошто нема упаљач!

Под десното седиште имаш

копче за да преспоиш бобина,

за да не ти ја украдат...

леш да ти крадат дабогда!

Кога паѓа дожд, стави ракавици,

се вади она црното околу воланот,

црна вода да те избие!

Кочница притисни двапати брзо,

или еднаш ама до крај,

да не стигнеш до ждрелото на пеколот,

каде што ќе гориш

а 128 демони ти ја черечат утробата

до крајот на вечноста!

Зошто ли ме мрзеше

да ставам перница со игли и јадици

на седиштето на возачот,

да го поштедам светот од твојот пород,

жив да се црвјосаш!

Ќе те стигне тебе клетва најтешка,

што покраде поштен човек,

со чума семето да ти се затруе,

а и крв да мочаш!

Ѓаволи паметот да ти го исцицаат,

а со главата фудбал да играат!

Мајка ти со вепар да се пари,

па да посере уште еден

ист ко тебе.

п.с. Ако некој види крем боја Застава 128, регистрација BG 192- 523, нека ја полие со бензин и нека ја запали!!!

19 јануари 2013 - 21:13