Летото 1981 година Квин имаат закажано студио во Монтро, Швајцарија да го снимаат нивниот десетти албум. Во слично време во истото студио, термин има и Дејвид Боуви за снимање на насловната композиција на филмот "Cat People".
Боуви навраќа на проби на Квин и прво им текнало да биде придружен вокал на песната. Eдна вечер додека свиреле туѓи песни и се зезале, Боуви рекол: Ова е малку глупо, зошто да не напишеме наша песна?
Така започнала маратонска студиска сесија која траела цели 24 часа, според сведочењето на тапанарот на Квин, Роџер Тејлор, полна со вино и кокаин.
Песната ја напишале главно Боуви и Мерkјури а е изградена околу впечатливата бас линија на Џон Дикон. Околу финалниот микс испаднала толкава кавга што Боуви се заканил дека ќе ја стопира песната. Некако се смирила работата и Квин ја вадат Under Pressure која станува 31-ва од најдобрите 100 песни од 80-тите, според VH1.
Гитаристот Брајан Меј признава дека тоа било многу важна песна за нив и дека е задоволен од финалниот резултат.
"Сепак, би сакал еден ден на мир да седнам и да ѝ направам ремикс", вели Меј.
До тогаш, таа ќе звучи вака: