Користејќи процена за висината на купиштата парички, плус малку математика и графици, сајтот за пари "Billfold" (со мото - Everything about money you were too polite to ask), дојде до формулата y=x2-1x+5 (каде што x и y се еднакви на еден инч).
Според нив, кога ќе се пресмета површината на купот парички под кривата (од x=-3 до x=5) се добива околу 46 инчи квадратни (околу 300 квадратни сантиметри). Во формулата тие сметаат дека еден кубен инч (16,4 сантиметри кубни) е еднаков на една унца злато.
За да се претвори ова во коцкестата форма што ја има сефот на Бајо, инчите треба само да се претворат во куб, со што на крај се добива 97.366 унци, односно кубни сантиметри. Ако се земе во предвид дека една унца злато, чини околу 5 долари, се добива дека во купот злато има 486.830 долари.
Уште поголем проблем е што овие 486 илјади долари се од 1947-ма, па кога ќе им се додаде инфлацијата, тие прераснуваат во неверојатни 5,2 милијарди долари по купче.
На сликата има две слични купчиња, чија вкупна вредност изнесува 10,4 милијарди долари. Сепак од сенките може да се забележи дека сефот е најмалку 3 пати поголем од она што е на сликата. Сето ова, го крева го богатството во сефот на 31,2 милијарди долари.
По оваа математика, во моментов има само 6 луѓе на светот кои можат да си дозволат да пливаат во пари.