Клинички критериуми за утврдување на пореметувањето:
1.Површен шарм и "интелигенција"
2. Недостаток од делузии и други знаци на рационално мислење.
3. Отсуство на "нервозa".
4. Недоверливост.
5. Лажливост и неискреност.
6. Отсуство на чувство на вина и срам.
7. Неадекватно мотивирано антисоцијално однесување.
8. Патолошка егоцентричност и неспособност за љубов.
9. Големи афективни реакции.
10. Неспособност за увид во пошироката слика.
11. Несоодветни реакции во меѓучовечките односи.
12. Шокантно и недолично однесување.
13. Ретко се склони кон суицид.
14. Безличен, тривијален и лошо интегриран сексуален живот и неспособност да се следи каков било животен план.
15. Неодговорност.
16. Страдаат од семантичка афазија, способни се коректно да употребуваат зборови и да ги дефинираат но остануваат слепи за нивното вистинско значење.
Како со нив?
1. Не им враќајте мило за драго. За психопатот тоа е само предизвик. Вие сочувствувате, тој не. Не можете да го победите на негов терен.
2. Не им попуштајте, не им покажувајте слабост. Ако им дозволите да се насладуваат на таква победа, секогаш повторно ќе се враќаат на истото задоволство.
3. Немојте да им докажувате дека сте подобри од нив. Иако тоа најверојатно е вистина, само ќе се заморите и нема да ја постигнете целта.
4. Направете сè што можете за да станете невидливи и неинтересни за нив. Единствената работа која психопатот не ја поднесува е досадата. Станете досадни за да го изгубат интересот.
5. Бидете задоволни и имајте самодоверба. Тие најчесто бираат кревки жртви кои се подложни на нивните манипулации. Не им требаат луѓе кои се сигурни во себе.
6. Кога ќе успеете да им станете неинтересни, прекинете го секој контакт со нив и никогаш, ни по кој повод, не го обновувајте. На 200 писма ќе вратите едно? Сте се зезнале бидејќи сте го нахраниле со доволна доза внимание за следните 200 писма.
7. Последната и најрискантна од сите тактики е влегување во директен судир со нив, што подразбира нивно раскринкување и рушење на мрежата која упорно и макотрпно ја плетеле околу вас. Но, во тој случај треба да имате предвид дека психопатот ќе биде подготвен со сите средства да се брани да ја задржи својата позиција и контролата што ја има врз вас и која е главен извор на неговите задоволства.