"ама на кои?"

Вистината за училиштата ја знаат децата

На наши деца им дале задача да напишат дијалог во врска со школото. Шесто или седмо одделение, небитно. Битно e ова: на малите сè им е јасно. Од прв до последен ред.

Станко: Што мислиш ти за училиштата во нашата земја?

Јане: Јас мислам дека училиштето е досадно и неинтересно затоа што нè учат работи што сме ги учеле. Што мислиш ти Станко?

Станко: Јас мислам дека тоалетите им се нечисти и неодржувани и нехигиенски, не се добри училниците и учебниците се со веќе изучен материјал.

Јане: Па како да го направиме подобро училиштето?

Станко: Да им се пожалиме!

Јане: Ама на кои?

Станко: Незнам.

************************************************

Реакција од наставнички кадар:

Јас се занимавам со ученици, иако не толку со мали колку со недоквакани, скоро 2 децении. И еве кога некој мене би ми се пожалил:

"Ова веќе сме го учеле " - абе сте го учеле ама кој го научил, разбрал и кој може да го примени? Обично 2ца без 3ца или никој.

" Тоалетите се нечисти и нехигиенски " - хахаха, да им ги видиш училниците, што поголеми ученици, то вече срање у училница. Кога учителката им го собира, се смеат, ја жалат и се чудат одавде до Марс без повратак.

И 20 години подоцна исто реагираат. А да дојдес за пред камера да ги прашаш, ќе се претворат во фаца и одговор "цветчиња за мирисање". Сите се водат по мото, твое е да кењаш и прљаш кај сакаш, а на друг е да ти го собира.

За пожалување, море море, КГБ може да им позавиди и да учи од нив што се кодошлука тиче. Тоа е крајна цел на постигнуче и достигнуче на секој ученик, да се буни и да се жали дека е константна и еверластинг жртва и да остави куп срање како наследство по школите.

У суштина, малите а и недокваканиве тинејџери не се криви, тие се само повторачки папагал на она што им го кажуваат по дома.

Секоја чест на културни и воспитани деца кои прават работи зошто знаат дека тоа е добро и затоа што сакаат да се такви, а не затоа што им е страв да не им стават кец ако не прават така.

Л.А.Д.

23 февруари 2016 - 16:43