Имаме порака од Шопето

Другарче Трендо, стави ја оваа просто проширена реченица на твојата емисија страна:

"ПРОБЛЕМИТЕ САМИ СЕ СТВАРАТ САМИ НЕКА СЕ РЕШАВАТ МЕНЕ ДА НЕ МЕ ЗАМАРАТ".

Емило Шопе, штипјанец со повремен престој во Амстердам.

 

**************************************

* Избор од претходни СМС пораки од овој наш пријател и бекрија:

Овоа Амстердамо е многу чудно гратче; сè што смее да се прае у свето тука не смее, а што не смее у свето, тука у Амстердам смее. Не можам крајо да му го фанам оти се на смеа тера.

 

Ни Амстердам не знае кај му е главата, а не па ја да знам.

 

Сеа виде еден див голуб се маа низ сред Амстердам, овај е изгледа бетер од мене.

 

Изгледа ја и Амстердам не се разбираме. Ја натака, он навака, негов проблем.

 

Една у сред Амстердам ми вика ти у многу скап хотел спиеш и ја ви викам е па ја за шо дојде у Амстердам, за на пато ли да спијам? Овцо у овците.

 

Ја по Амстердам од овој Амстердам не сум видел.

 

Трендо, пиши на твојо ОФФ.НЕТ: дојде време само што улезам у Хард Рок да ме частат текила и да ми викат ДЕЖАВУ, а немам појма што значи.

 

Другарче Трендо! Сите имаат свој идол а на тебе кој ти е? На мене ми e Емило Шопето и никако да го стигнам у а'кло. Некако многу ми е брз и интелегентно глуп.

 

Постое нилски коњ, постое нилски слон, ама ја сум од оние бели диви и други ситни магариња и телиња риби како прекрасно неиспитано бело диво и ситно говедо.

8 јануари 2015 - 12:48