Уште од 90-тите години се кумулира сериозен истражувачки материјал кој имплицира дека нашите мозоци сериозно се потпираат на стереотипи без разлика дали сме ние свесни за нив или за тоа "сме дале дозвола". Човечкиот мозок сака што е можно побрзо да утврди што е "безбедно", "слично на мене" или "од мое племе". Тој ги користи стереотипите како шорткати.
Студија темелена на 2,5 милиони IAT (implicit association) тестови утврдила дека 68 проценти од белците имаат негативни реакции на луѓе од друга боја.
Не дека свесните човекови уверувања немаат никаква улога. Само што тие треба дополнително да "ја пребришат" секогаш побрзата мозочна реакција, за што е потребно и време и когнитивен капацитет.
Една од причините е што луѓето во САД живеат опружени со безброј пораки дека белото е добро и безбедно а црното е она што е спротивно. И потоа тие пораки се интернализираат односно усвојуваат како свои. Добриот има бел шешир, лошиот црн, вештерките се црни, црните мачки носат несреќа, витезите се бели, венчаниците исто такви, криминалниот пазар е црн пазар, ѓаволот е принц на темнината а Исус никогаш нема да го видите во црна облека.
Стереотипите се исто како и лошите навики, треба да се работи на нивно отстранување. Но, пред да барате решение, треба да утврдите дали имате проблем.
ИАТ тестови имате овде, не само на расна тема туку и на стеротипи кои се поблиски до нашето живеење. Нема мк па може да се одбере српски (и одберете дека живеете овде). Тестот трае околу 5-7 минути и ние пројдовме како многу кул. Што е вистина.