Таг: раса

Бетовен бил црн?

На Твитер деновиве циркулира статија од 2015 која ја промовира идејата дека славниот композитор имал африканско потекло. И ова не е прв пат да се потегнува муабетот, што е поинтересно отколку „вистината“ за расната припадност на Бетовен.

Дали Ахил бил црн?

Секој академски обид да се сугерира дека кожата на древните Грци можеби не била бела, туку барем нешто потемна, предизвикува контроверзи. Последната таква е поврзана со новата ТВ серија на Би-би-си, „Троја: пад на еден град“. Таму Ахил, Патроклo и уште пар ликови се - црни.

Издаваштвото е речиси исто толку „бело" колку и Оскарите

Ако сте издавач во САД голема е веројатноста да сте бела, хетеросексуална жена, без физичка попреченост. Така барем велат резултатите од истражување кое на оваа тема се спровело прв пат, по нарачка на Lee&Low Books, издавач на детскa литература.

Во црно-белиот свет, ние сме белите

Ако е некој белец пораснат во Америка може да биде прекрасна личност, да донира храна за бездомници и да посвојува миленичињата. Но, ако е некој белец пораснат во Америка, науката вели дека тој најверојатно е - расист.