Научниците кои го објавија лажното истражување во кое се величаа маѓепсните својства на екстрактот од зеленото кафе, ја повлекоа својата студија. Ова следува по 3,5 милиони долари вредната вонсудска спогодба меѓу ФТЦ (Федерална комисија за трговија) и АФС (Applied Food Sciences) производителот на пилулите.
"АФС им плати на истражувачи во Индија да извршат клинички истражувања на дебели возрасни лица со цел да тестираат дали антиоксидансите од зелено кафе(ГЦА), суплемент кој содржи екстракт од зелено кафе, ја намалуваат телесната тежина и мастите.
Обвинението на ФТЦ е дека првиот човек на истражувањето постојано ја менувал тежината и останатите клучни мерки на субјектите, го променил траењето на студијата и погрешно навел кои субјекти земале плацебо а кои ГЦА за време на истражувањето. ФТЦ тврди дека кога индиските истражувачи не можеле да најдат некој да им ја објави студијата, АФС ги ангажирале истражувачите Џон Винсон и Брајан Бурнам од Универзитетот во Скрантон пак да ја напишат. Иако добиле спротивставени податоци, Винсон, Бурнам и АФС, никогаш не ја верификувале автентичноста на информациите што се користеле во истражувањето.
И покрај недостатоците на студијата, АФС ја користи за лажно да тврди дека со помош на ГЦА субјектите ослабеле 8 килограми, намалиле 10,5% од телесната тежина и 16% од телесните масти, во период од 22 недели без вежбање и диета," стои во соопштението од ФТЦ.
Др. Оз, кој според магазинот Форбс е еден од највлијателните славни личности во Америка, посвети цела емисија на бенефитите од екстрактот. Таму тој тврдеше:
"Може мислите дека магијата не постои, ама ова мало зрно ги натера научниците да кажат дека имаат откриено магичен лек за слабеење за секој вид на тело. Оваа магична пилула може да топи масти за секој што сака да ослабе..."