За оние кои не одат подалеку од насловот

Налетал на последниот поздрав до Оливер Драгојевиќ, нашата кратка и искрена еулогија за гласот кој нема да можеме да го изнаслушаме до крајот на животот, статија која завршува со хармонски божествената изведба на песната „Два пут сан умра“ во париска Олимпија. Ама дечкото останал на насловот, го мрзело да види за што се работи, па прогласил, ни помалку ни повеќе - смрт на новинарството! Ете, таков ќе преговарал во име на Македонија.

Линк до статијата која означи смрт на новинарството.

Овој лик можеби го имате запаметено по редовните гостувања во Топ Тема, емисија која често пати служеше како инкубатор за идните владини пилиња-бролјери, малку да се навежбаат пред камери и медиумски да зацврснат, а ако се случи притоа да изгорат (живи емисии, се случува), истовремено да не ја изгорат каузата, бидејќи беа претставувани како луѓе од тинк-тенкови, центри за стратегии и политики и слични имунолошки функции.

Денес Андреја Стојковски ви е ценета фаца во Владата, можете да го видите како Санча Панса на меѓународни средби на Заев, Османи, а важи за сериозен кандидат за главен македонски преговарач со ЕУ!

....ча је живот венго фантажија....

Ајме мени, што сè може тој да голтне во име на Македонија читајќи само наслови на европски документи. 

И видете, не е страшно некој да е неупатен, да е мрзлив, да е глуп или само лош, ниту пак да е близок до владата. Жално е што вакви ликови ја прават поврзаноста на тие работи толку природна.

********

Упатство за преговарачот: „Невера“ на хрватски нема врска со вера, религиозност, секуларност нa државата. Се работи за невреме. Обично, човечко, овоземно, тоа што одвреме-навреме знае да нè снајде...i sve lipo (убаво -н.з.) pitura (бои - н.з.) u sivo....

 

.

30 јули 2018 - 12:10