Замина човекот што умирашe два пати

Се изнамачи со тоа ракот и на 71-годишна возраст почина Оливер Драгојевиќ, чудесното далматинско грло што со нас сподели едно од најфасцинантните зреења на кои сме сведочеле, во музичка и гласовна смисла. Џони Кеш, Шабан Бајрамовиќ, Оливер Драгојевиќ. Без каков трилинг неповторливи старки останавме! 

Ако на времето не можеше да биде земан за озбилно, со оние тегли од наочари и лагани баналности („Надалина мути јаја“), Оливер со секоја година, песна или албум нè тераше да ја преиспитаме прерано и прелесно донесената одлука за негово игнорирање.

Тоа стануваа озбилни и заебани песни, а гласот не само што не ветрееше со текот на годините, туку сè повеќе добиваше на газираност.

Тоа неговото е просто неповторливо во интерпретативна смисла. Најпрефинета контрола на тој, ем баршунаст, ем ронлив песочен вокал, филигрански суптилни украси, драматични емотивни пејзажи, динамика што пумпа и те дроби. Алал, алал, алал.

Во урнебесно забавниот прирачник „Сплит за почетници“ дефиницијата за него гласи:

„Да се родеше и да живееше во кој било друг град на светот, ќе го викаа THE VOICE. Во Сплит го викаат Ќоро“.

The Voice во Олимпија, Два пут сан умра. Маестрално.

Мирно море, часна старино, мирно море.

 

29 јули 2018 - 12:37