Мета-колаж

10 песни составени од наслови на офф.нет

Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.

АПСОЛУТНО РОМАНТИЧНО

Ти ја дадов мојата љубов,
верна навивачка.
Храбра игра и несреќен пораз -
донации во празно.
Шах мат - изгубив ра(а)т. 

КАКО ДА ГО НАЈДЕТЕ ВАШИОТ МИР?

Животот го чинат мали нешта
радоста се учи.
Во денови како овој
времето не постои
Вмрежена карма.

ШТО ЈАДАТ ЛУЃЕТО ШТО НЕМААТ УТРЕ?

Сос од пржен лук и сланина
Полнето свинско
Колачи од темно чоколадо
Балсамирана тиква
Како вечера кај Салвадор Дали.

ЗАКОНИ ОД КОИ НЕ СЕ БЕГА

Мис Шипка
еј другарице, плави анџеле
румена плима,
штикли на калдрма.
Откако порното ќе заврши -
звукот на козата.

КАКО ДА БЕШЕ НЕКОГАШ

Длабоко грло,
девојка на денот,
богати и славни.
Каде ги чувате вашите спомени?
Во светот на бајките.

РЕЗЕРВНА ЖЕНСКА ЖЕЛБА

Гол во секунда
Што ли му е во глава?
Маж не прашува, маж знае.
Молчењето е Талат.

САКАМЕ И НИЕ!

Макало од павлака
и љубовни катанци на Емили
Љубопитноста убива само ако ја нема.

КОГА (ВЕЌЕ) НЕМА ВЕСТИ

Последен воз
судија шегобиец
Погреб на велемајсторот -
вака се дава отказ.

ПЛУКНИ СИ!

Генерациски виц на денот:
тензија без пензија.
Таа моја чудесна земја,
Македонштина.
Ја не су одавде,
ова е неиздржливо.

ЛИНЕКС ЛЕЈДИ

Џандар и две дами,
трето полувреме.
Не мора да е забранета
за да е слатка
Мојата кујна.

 

7 октомври 2012 - 13:04