Кога разбравме дека на лингвистички собир бил презентиран труд кој анализира наслови од нашиов сајт ни дојде ептен мило - после години мозгање околу скриената моќ на нашите текстови од страна на аматери, конечно својот суд донела и науката. А тој гласи: Офф.нет се уникатни и креативни.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.