Сте ја читале „Трималчио во Вест Ег?" А сте го гледале филмот направен според неа? Веројатно да, ама не ја препознавате затоа што тоа бил еден од работните наслови на „Големиот Гетсби".
Кога разбравме дека на лингвистички собир бил презентиран труд кој анализира наслови од нашиов сајт ни дојде ептен мило - после години мозгање околу скриената моќ на нашите текстови од страна на аматери, конечно својот суд донела и науката. А тој гласи: Офф.нет се уникатни и креативни.
Лани наградата ја зема „Непознатите имаат најубави бонбони: како зборувањето со туѓинци доведува до луди авантури". Во 2014 пишувавме за тогашниот победник, „Како да какаш на романтична средба". Оваа година конкуренцијата е повторно голема, но еден наслов веднаш ни прирасна за срце.
Секој којшто се обидел да напише вест знае дека најтешкиот дел може да биде насловот. Тој не само што треба да биде верен на содржината, туку треба и лукаво да привлече. Притоа јазикот толку се извитоперува, што тој веќе не личи на новинарски туку на некој паралелен - насловски. Имаме неколку примери од земјата и странство.
Честитки што откако го прочитавте насловот продолживте со овој вовед. По оваа фаза бројот на читатели обично уште повеќе се намалува, за при крајот на текстовите (кои во рубрикава - признаваме - знаат и да забегаат) да останат само најупорните. Тоа го забележале и во NPR.
После 10-те песни составени од наслови на офф.нет, решивме да го прошириме полето за поетска инспирација. Еве неколку составени од наслови на денешни вести кои ги најдовме на агрегаторот Daily.mk. Заеднички на сите би можел да им биде - „Животиште“.
Немој да пишуваш за финансии, финансиски пазари или нафта, туку гледај да се држиш до религија, спорт, криминал и природни катастрофи, е предлогот на научниците кои анализираа стотици илјади новинарски текстови.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.