Во студијата на Универзитетот Бристол биле проверени 2 милиона "Топ стории" или "Најпопуларни вести" од медиуми како NPR, Њујорк Тајмс, БиБиСи, Форбс и Ројтерс, за да се види што е заедничко за најчитаните вести во светот.
Првата тајна е во фокусирање на она што истражувачите го нарекуваат не-јавни работи (како спорт, мода, па дури и екологија). Втората тајна во основа е едно старо правило за пишување наслови според кое тие треба да се полни со придавки за чувства кои го привлекуваат вниманието на читателот.
Она што дополнително открива истражувањето е дека најчитаните содржини на еден медиум се директно поврзани со демографијата на неговата публика. Во студијата биле анализирани само насловот и воведот на текстот.