За референдумите?
Тоа е јасен предзнак дека фашизмот влегува на голема врата во Хрватска. Вакви глупости и предизвикување паранои немаше ни во девеесетите. Ова е истиот пат кој го мина Унгарија и се надевам дека луѓето ќе ја сфатат оваа манипулација. Како граѓанин и припадник на малцинство во Хрватска, овој повик на референдуми ми е ужасен.
За политичките партии?
Да видев било што добро, ќе подржев некој од нив. Надеж даваат само поединци.
За заминувањето од Хрватска?
Тоа е проблем кој секогаш постоел во сите екс-ју држави. Дури и Словенците одат да работат во соседните земји за парче леб. Сето тоа што го гледаш те депримира. Го имаш Санадер кој го направи она што го направи, па Видошевиќ кој има музеј во подрум, сите крадат и тоа те обесхрабрува. Втор проблем е работата а неа ја нема без посакуваната партиска припадност.
За општествената летаргија?
Летаргијата е најбитниот фактор. Успеваат само референдуми за ограничување на слободите. Оние кои не се за тоа, а мислам дека се во мнозинство, не одат на рефрендум. Ги заболе. Имаш дури и екипи кои зборуваат: ма, сеедно, сè ќе биде исто, па не излегуваат на референдум, што е тотален кретенлук. Главно, летаргичното општество е рај за организации од типот "Во име на семејството", луѓето не разбираат колку е тоа враќање назад. Летаргичното општество е составено од летаргични поединци кои главно се мрзливи хејтери на кои сите им се криви за сè, а целата вина е всушност во самите нив.
За медиумите?
Медиумите имаат голема улога во она што ни се случува. Освен пар поединци, имаме неколкумина колумнисти кои се противат на навалицата на идиотизмот и кои главно за тоа трпат притисоци во своите средини. Не ме изненадуваат фашистичките портали туку меинстрим медиумите кои паролата "За дом, спремни" ја правдаат како полузаебанција. Друга работа е што медиумите кај нас се тотално поткупливи, дај му пари на овој и на оној и ете ти текст каков што сакаш. Цел регион го има тој проблем. Те оперира доктор кој ги платил сите положени испити, го тужиш кај правниот систем составен од негови партиски колеги, се жалиш на медиуми кои се нивни и тие те прикажуваат како уфрлен соросов платеник или анти-Хрват, а ти кутар, само сакаш да ти го вратат дебелото црево кое ти го извадиле наместо слепото.
За Израел?
Се враќам наскоро во Хрватска, за две-три години. Овде некои работи се подобри отколку кај нас а некои се многу полоши. Генерално, стандардот им ед далеку подобар од балканскиот. Ама имаат тие и гета и сиромаштија и корупција и фашизам. Тел Авив е метропола но кога ќе отидеш малку надвор од неа, гледаш толку религиозни затупувања и предрасуди да ти доаѓа да попиздиш. Овде нема толку левица бидејќи се нешто е војна и конфликт, така што е рај за секакви десничари. Наши луѓе нема премногу но успевам да најдам жртва за пиво. Се наоѓа раја секогаш. Има од Сараево, од Белград, пред некоја вечер бев со некои Македонци. Не е ни овде лесно да си поинаков, веднаш оди: не си ја сакаш земјата, предавник си....
За музиката?
Овде не свирам ама имам свирки по Балканот и Европа, така што сум викенд- работник. Се надевам дека до следното лето ќе имам нов материјал. Сакам да направам некаква благодарница за рокот и планирам албум полн со фини рифови. Слушам многу рутс реге, Black Keys, Seeed, домашна музика од седумдесетите, Смак, сешто....
виа forum.tm