За потеклото на терминот „Hangover“

Во раните години на 20 век, во големите градови на Европа имало куп бездомни, сиромашни и често пијани жители кои не можеле да си приуштат кревет за спиење, ама капитализмот и за нив имал решение. Во Лондон, за само 1-2 пени, човек можел да се спружи на ортома и да преспие слатко како пешкир, за да не биде на земја, пошто влече тоа циментото. Во пет сабајле, „рецепционерот“ им ја сечел ортомата.

“At the Twopenny Hangover, the lodgers sit in a row on a bench; there is a rope in front of them, and they lean on this as though leaning over a fence. A man, humorously called the valet, cuts the rope at five in the morning. I have never been there myself, but Bozo had been there often. I asked him whether anyone could possibly sleep in such an attitude, and he said that it was more comfortable than it sounded — at any rate, better than bare floor.”

Џорџ Орвел во „Никој и ништо во Париз и Лондон“ (или„ На дното и отфлен во Париз и Лондон“)

“We ... made it a point of honour to find out whether you were roosting in a tree in the Champs-Elyses, or in one of those philanthropic abodes where the beggars sleep on a twopenny rope.”

Оноре де Балзак во Шагринска кожа

 

5 јануари 2021 - 10:32