Оригинални преработки

На наши музичари и групи кои ни праќаат песни обично не им објавуваме кога се работи за преработки, сакајќи да промовираме авторска музика. Може е тоа малку нефер бидејќи и во прерабоките може и тоа како да се вбризга авторски печат. Јутјуб каналот „Кавер на лице место“ има одлични примери за тоа. Им пуштаат песна, ги оставаат да смозгаат како ќе ја скоцкаат и после овие ја свират нивната верзија. Супер интересни идеи. 

Издвојуваме два примера.

На норвешките прог-металци Leprous домашна задача им е популарниот хит на нивните поп-сонародници, А- ха, Take on Me.

Black Hole Sun на Саундгарден во џез верзија? Може.

 

14 август 2025 - 17:22