Превод:
Македонија е грчка.
Нејзините аеродроми се германски.
Пристаништата се кинески.
Шумата канадска.
Возовите италијански.
Водата француска.
Патишата се на Бомболос (матен тип што градеше патишта по Грција последниве години).
И она што ќе остане е на Савидис (исто бизнисмен, сопственик на телевизија и на ПАОК).
********
Не дека за Македонија не може да се напише истото и не дека некои овдешни токмаци не заслужуваат да бидат соочени со сличен есап чија е тоа Македонија. Оваа држава заслужува да биде шамарана во сите контексти, ОСВЕН во контекст на изедначување и споредување со грчкиот шовинизам и повеќедеценискиот обид за етноцид на македонскиот народ, чија бруталност, систематичност и издигнатост на ниво на државна стратегија е неспоредлива со било што друго на европско тло. Само заради тоа, Македонија овојпат добива поштеда. Инаку, ја знаете, главно е неподнослива и непоправлива.
Што на Чоканче одамна им е јасно: