Украинска дефиниција за половно

Украина има висок данок на увезени возила. Украина има далеку помал данок на половни возила. Јасна ви е сликата?

Масовно пресекување на возилата на половина при нивен увоз е новата украинска епизода на мачка и глушец која обично ја играат државата и трговците.

Возилата се делат на половина, се увезуваат во Украина како такви па потоа се составуваат и се продаваат "исцело".

Давачките за увоз на возила се високи и изнесуваат околу 43 проценти од нивната вредност. Кога се половинки, се третираат (засега) како резервни делови со далеку помала стапка на царина и данок.

Крај.

19 април 2012 - 10:32