Ни Шведска не е веќе раат

Дека наш човек може да покаже целосна емпатија кон судбината на далечните браќа Швеѓани зборува нашиот личен пример со следнава вест. Таа двапати не здоболе, и кога ја читавме и кога ја пишувавме.

Националниот природен музеј во Данска ги предупреди машките пливачи од Скандинавија да си ги приберат висечките елементи од своето тело откако во ладните води е забележан несакан гостин од Амазон.

Се работи за рибата паку, инаку биолошки роднина на пираната. За афинитетите на рибата најдобро зборува нејзиниот прекар - сечач на јајца.

Вообичаено живее во слатки води, во Амазон и басенот на реката Ориноко. Но, знае да биде видена и на други места: во Папуа Нова Гвинеја како и во неколку држави од САД. Ова е првпат да биде забележана и во европски води.

21 сантиметар долг паку минатата недела фатил рибар од Шведска. Се препоставува дека дошла како слеп патник во некој кафез за риби и не се знае колку примероци се нашле во водите.

Можат да пораснат до 90 сантиметри и да добијат тежина од 25 килограми и во принцип се вегетаријанци, освен во случајот со машкиот деликатес на кој не можат да му одолеат.

Забите ѝ се нешто порамни и посилни од оние на пираната.

"Гризат само кога се гладни а тестисите им изгледаат како природно решение бидејќи перфектно пасуваат со големината на нивната уста," велат познавачите.

 

12 август 2013 - 15:48