Пред да се бави со онасо кое сега се бави, Тино Кајшаров беше пејач и како таков се најде во една колумна во Трендоленд. Слеп каков што го дал Господ, авторот на колумната не беше бил свесен дека во случајов, пеењето е најмалиот можен проблем. Ако пишувањето за него и неговите два (сега е јасно, прекрасни!) спота некако придонело тој да ја напушти пејачката кариера и да се посвети на бркање на ѓаволот (каков е бре тој ѓавол што му се плаши на Кајшаров?), му се извинуваме и нему и на сите засегнати страни. Пеј ни Тино, сè ти е простено! Во спорната колумна беа спомнати уште двајца пејачи, еден Славиша и еден Брајан со ипсилон. Нема ваљда и они?