* Во име на Есквајер, му се јавува писателот Ноа Черни.
Бил Мареј: Од кај си ти Ноа?
Ноа: Од Конектикат, ама се оженив со една прекрасна Словенка, имаме бебе и практично живеам во градот од кој потекнува Словенечка вотка.
Бил Мареј: Ме зезаш? Каде бре сретна Словенка?
Ноа: По мојата прва книга, сакав дејствието на следната да го сместам на некое егзотично место. Шетав по цела Европа, живеев во разни градови, еден од нив беше Љубљана. Тука ја запознав жена ми и оттогаш сме во Словенија.
Бил Мареј: Супер приказна. Каква е Словенија?
Ноа: Ја обожавам. Убава. чиста, безбедна, одлична за растење деца. Како нешто од бајките на Грим.
Бил Мареј: Ми се оди. Сите ми викаат дека било одлично таму.
Ноа: Ќе ти се допадне. Дојди за некој настан околу вотката. Знаеш, тоа не им е национална пијачка, ракијата им е. Обично, домашна ракија.
Бил Мареј: Како шливовица?
Ноа: Таа е од сливи. Овде обично ја прават од круши. Убиствена е. Ако некогаш дојдеш овде, бабата од жена ми е првак во домашна ракија, може да потегнеме неколку шишиња. Кажи ми за вкусот на Словeнечка вотка.
Бил Мареј: Сум размислувал за тоа. Различните вотки имаат различни ефекти. Некои те тераат да се чувствуваш..хммм. повеќејазично. Некои те тераат да му вратиш на некој кој ти досаѓа. Некои те тераат да дигаш тешки работи. Словенечкава како да ти го вади лошиот вкус од уста. Не како испирање, поинаку. Ако имаш лоши мисли во глава, оваа ги брка. Потивок сум кога ја пијам. Да речеме, кога пијам џин, можам да расплачам некого. Не со оваа вотка. Оваа те прави некако сладок.
Ноа: Имаш ли омилен начин на пиење?
Бил Мареј: Имам. На домашни забава кај мене, купував божоле. Обично ќе го испијат целото божоле и после пијат се друго што има. На забава ти требаат повеќе октани. Божолето не ги тера да се разиграат. Па еднаш му кажав на мојот пријател Питер Кели (ко-основач на Словенечка вотка), инаку одличен готвач, да донесе и пијачка. Ми рече: "Имам нешто за тебе" и ја донесе оваа вотка. Забавата отиде на сосема друго ниво. Обично луѓе ми остануваат до 2, со оваа вотка останаа до сабајле.
***************
* Во Словенска вотка има инвестирано и фамозниот балетан Михаил Баришников.