Жена на 40 години НИКОГАШ нема да те разбуди среде ноќ за да те праша "За што размислуваш?" Просто, тоа не ја занима.
Кога таа не сака да гледа утакмица, не седи до тебе за да кука. Оди и се занимава со нешто, за што и да е расположена. Најчесто тоа е поинтересно од натпреварот.
Жена на 40-тина години се познава доволно самата себеси, која е, што е, што сака и со кого тоа го сака. Малку ги интересира што мислиш ти за нив.
Жена на 40 години ретко ќе ти направи хистерична сцена во ресторан. Но, ако си заслужил, нема многу да се колеба да те упука со пиштол ако пресмета дека може да пројде неказнето.
На жена на тие години не треба да ѝ кажеш што си направил. Таа веќе го знае тоа. Со годините, жената станува видовита.
Поискусни се и поотворени. Не мора да се прашуваш на што си со нив. Во лице ќе ти кажат кога се однесуваш како идиот.
На жена во тие години перфектно ѝ стои јак црвен кармин. Сте виделе како таков ист кармин им стои на тинејџерки?
*********************
Обратното, за жал, не важи баш. На секоја задоволна, мудра и страсна 40 годишна жена доаѓа по некој проќелавен носител на пивски стомак, кој после неколку пијачки е спремен да прави мајмун од себе заради 20 годишна келнерка.