Tripadvisor го знаете. Многу референтен и влијателен сајт за туризам. Едноставно, глобалната практика е: ако одиш некаде, обавезно проверуваш што викаат за тоа место на Tripadvisor.
И да речеме, странец решава да оди во Охрид, меѓу другото да ја посети и познатата куќа на Робевци.
Првиот коментар вика вака:
"Кога првпат слушнав дека оваа наводно богата фамилија наплаќа за да им се посети куќата, бев ужаснат. Колку дрзок начин да се дојде до пари. Како и да е, сакав да го видам и доброто и лошото во тој регион па отидов да ја видам. Какво отсуство на вкус! Луѓево уште живеат во 19-ти век. Немаше струја во куќата! Немаше веце шоља! Куќата изгледа како да е градена во отоманската империја. Срамотилаци. Па уште тврдат дека биле богати, неверојатно. Одете и купете си телевизор, бе, лузери. Јас имам 32 инча плазма! А што имаат Робевци? Џамовите не им се изолирани, одвратно. Дури и статиката на објектот, по мене е правена на некоја верзија на AutoCAD од пред 1995-та година. Црно- бела куќа? Стварно? Што е ова, 1944-та? Направите прво пари па после да се пувате!"
Истиот дечко за Милениумскиот крст:
И за Воинот на коњ: