Се викам Мат Таиби. Репортер сум веќе 30 години и се борам да најдам решение. Не треба да им верувате на мејнстрим медиумите.
Јас пораснав со медиумите. Татко ми беше репортер. Маќеата ми беше репортер. Кумовите ми беа репортери. Секој возрасен човек што го знаев додека растев беше некако поврзан со медиумите. Си играв со микрофонот на татко ми: одев во дворот, застанував со грбот свртен кон нашата куќа, и се преправав дека имам јавување во живо:
„Чет, се јавувам од Норвел, Масачусетс, каде пожарникарите се борат со пламените јазли...“
Го сакам бизнисов. Во крв ми е. Но, и жалам за истиот.
Тој се самоуништи.
Татко ми велеше: „Приказната е главна“. Во американски контекст, ако фактите говорат дека републиканците биле главно негативци за оваа или онаа катастрофа, пишуваш за тоа. Ако фактите водат повеќе кон демократите, пишуваш за нив. Ако испаѓа дека и двата табора имаат вина, како што често беше случај во изминативе 10 години додека го истражував Вол Стрит и причините за финансиската криза во 2008-ма за Ролинг Стоун, ќе напишеш дека и двата табора имаат вина. Не е наша работа да ги нечкаме фактите наваму или натаму. Нас работа ни е да пренесеме што гледаме, а другото е оставено на читателите.
Веќе не го правиме тоа. Приказната повеќе не е главна. Наместо тоа, продаваме наративи, што се подразбира во новиот бизнис модел кој сè помалку е заинтересиран за факти.
Кога постоеја само неколку канали, комерцијалната стратегија на новинските агенции гласеше „цел ни е целата публика“. Вестите на телевизија се емитуваа во периодот кога луѓето обично вечераат и беа направени така да може да ги гледа целото семејство, и лудиот чичко десничар и размрчениот тинејџер левичар. Оваа шема не беше совршена. Како и да е, напорите да се обратите секому носеа и одредени предности. Како прво, носеа повеќе доверба. Анкетите на Галуп тогаш двапати покажаа дека човекот што читаше вести на CBS, Валтер Конкајт, е личност на која Американците најмногу и веруваат.
Тоа денес е мисловна именка.
Со појавата на интернетот, индустријата ја преплавија нови лица, а некои медиумски куќи сфатија дека од финансиски аспект има многу повеќе смисла да се избере една демографска група и да се биде доминантен во истата. Како? Лесно. Ја храниш публиката со вести што знаеш дека ќе им се допаднат. Кога Фокс почна „да гази“, таргетирајќи приградски и рурални, главно белци, и главно постари конзервативци - уредникот на вестите на Фокс, Роџер Ејлс, неумесно ја определи старосната група на својата публика „од 55-годишни до мртви“ - а останатите новински агенции набрзо почнаа да ги имитираат.
Денес секој го прави тоа. Без разлика дали е Фокс, MSNBS, CNN, или Вашингтон пост, скоро сите западни медиумски куќи се ловци на демографски групи. Ова можеби помалку важи за Канада, каде има подолга традиција на јавни медиуми, ама во САД е ова стандард.
Овој, да го наречеме „модел за оптимизација на публиката“, наместо да почне со приказната и да ги следи фактите, почнува со она што и прави ќеф на публиката а потем враќаат назад до приказната. Во овој систем, мнозинството медиуми со национален предзнак навиваат за едната или за другата страна. На пример, според инстражувањето на Rew Center од пред неколку години, 93% од гледачите на Фокс гласаат за републиканците, додека скоро ископирано, 95% од публиката на MSNBS гласа за демократите.
Моите колеги од спротивнитот табор претставуваат две, некогаш славни медиумски организации. Мишел, истражувањето на Pew вели дека 91% од читателите на Њујорк Тајмс се наклонети кон Демократската партија. Малком, последните бројки што можев да ги најдам околу Њујоркер се од 2012-та и сведочат дека само 9% од вашите читатели биле републиканци, а денес процентот е сигурно и помал.
Овој дводелен систем е недоверлив во суштина. Кога однапред ќе одлучиш да баталиш една половина од твојата публика, за да ги задоволиш апетитите на другата половина, однапред си одлучил и кои факти ќе ги потцениш а кои ќе ги потенцираш. Исто така, си избрал и кои приказни ќе ги покриваш, а кои ќе ги избегнуваш, врз основа други критериуми наместо на вистина и нивната новинска вредност.
Ова не е новинарство. Ова е ирелевантен политички забавник.
Од причина што уредниците се повеќе загрижени околу бројноста на публиката одошто да ги наречат работите со вистинските имиња, карактеристика што сега го дефинира овој бизнис - низ целиот политички спектрум - е неточноста. Многу работи се разбираат погрешно. На репортерите им е помалку важно да бидат прецизни, а поважно да го задржат курсот на медиумот, што во медиумите лево од центарот главно е сведено на известување против Доналд Трамп, анти-ваксерите, оние што ги оспоруваат изборните резултати или канадските возачи на камиони што протестираат, или да се биде против сите кои се прогласени за луѓе што размислуваат погрешно.
Во напрегањето да се бара одговорност од Трамп, да се биде против Владимир Путин, етичките граници станаа избледени. Зачестија промените во веќе објавени текстови и тоа без напомена дека текстот бил накнадно изменет. Сериозни обвинувања се изрекуваат без да се даде простор на обвинетите да ја кажат и другата страна. Репортерите премногу се зближуваат со политичарите, а како резултат на ова пренесуваат информации за кои воопшто не знаеме од каде им се, или наведувајќи безимени извори како „луѓе запознаени со тематиката“. Како и научниците, и журналистите би требало да бидат во можност да ги повторат туѓите инструменти во сопствената лабораторија. Со премногу анонимни извори, ваквото нешто станува невозможно.
Пред неколку недели бевме сведоци на инцидент, со објавата на текстот „Високи функционери од разузнавањето на САД велат дека руски ракети се испалени кон земјата-членка на НАТО, Полска“. Ова е тип на вест со која - ако нешто сте разбрале погрешно - можете на своја рака да започнете војна. Сепак, известувачите ладно ги ставија „сите пари“ на еден анонимен извор. Тоа е многу опасна практика дури и кога точно знаете за што пишувате.
Излезе дека таа приказна е погрешна, што за жал повеќе не е невообичаено. Во годините додека Трамп беше на власт, во канта отидоа еден куп вакви „бомбастични“ написи. Од наводните снимки на Трамп каде што има жени кои мократ во кревет за негово задоволство, преку наводниот сервер на администрацијата на Трамп поврзан со руска банка, до приказните дека Трамп е руски шпион (регрутиран од пред диско) до непоткрепената приказна дека соработник на Трамп се протнал во амбасадата на Еквадор за да се види со Жулијан Асанж.
Се изначитавме невистинити статии.
Не сум фан на Доналд Трамп. Напишав книга за човек наречен „лудиот претседател-кловн“. Но, знам и за листа на преку 100 вакви „лажни бомби“ затоа што ваквите приказни за мене се навреда. Добриот новинар треба да се засрами кога ќе згреши. Ме загрижува што гледам толку многу колеги што не се срамат.
Ова патем не е сосема нов феномен. После фијаското со оружјето за масовно уништување, американските медиуми не се преиспитаа. Ги унапредивме оние кои не беа во право, а ги отпуштивме оние кои беа.
Изговорот „барем не сме Бреитбарт“ не држи вода. Размислете за уште една од бомбите, онаа во која адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, наводно отишол во Прага за да се види со руски хакери. Оваа приказна дојде од досието на Кристофер Стил, кој денес веќе никој не го сфаќа сериозно. Тоа беше повеќе пати демантирано, вклучително и од специјалниот советник Робер Милер, кој галантно изјави дека Коен „никогаш не бил во Прага“. Сепак, приказната никако да умре.
Водечките медиумски куќи и понатаму сериозно се бават со идејата дека адвокат на Доналд Трамп патувал за Прага да се состане со „претставници на Кремљ“ со цел изработка на стратегија како да се интервенира во изборните резултати, со помош на романски хакери, кои подоцна ќе се скријат во Бугарија додека не пројде опасноста.
Ако тоа не е теорија на заговор, не знам што е.
Оваа приказна е подеднакво луда како и идејата за изборен грабеж во 2020-та. Би се осудил да кажам и полуда. Барем е креативна. Ниеден сериозен новинар не би ни пипнал ваква приказна без сериозно многу докази. Сепак, нашите водечки медиуми поверуваа без да имаат макар и еден доказ. Затоа што тие не се бават со новинарство. Тие продаваат наративи, а овде имаше баш добра нарација.
Новинските агенции не би требало да заземаат страна. На медиумите мора да се гледа како на одвоени од политиката, не само затоа што е ова клучна компонента за доверба, туку и затоа што медиумите, сета своја моќ ја црпат од перцепцијата дека се независни. Ако еден новински орган се гледа како премногу врзан со едната или другата страна, тој го губи легитимитетот да биде коректор на власта. Како го повикувате Трамп на одговорност кога самите немате кредибилитет?
Да се поправат ваквите состојби во новинарството е прилично тешко. Штом тргнеме во друг правец, ни ги дупат гумите. А додека не се вратиме на основите, не заслужуваме да ни се верува. И луѓето нема да ни веруваат.