Во лабораторијата во Гуангжу бил модификуван коронавирусот SADS-CoV (синдром на акутна дијареа кај свињи), кој бил откриен и кај лилјаци. Со истражување за стекнување функции биле интегрирани гени што овозможиле забрзување на размножувањето на вирусот до 10.000 пати.
При експерименти со глувци, модифицираниот вирус покажал штетни ефекти во клетките на белите дробови и цревата, оштетување на ткивата и висока стапка на смртност.
Истражувањето било спроведено со мерки на претпазливост од нивото BSL-2, што е споредливо со безбедносните стандарди на стоматолошка ординација. Не било потребно ни носење респиратор.
Научниците генерално се против истражувања со стекнување функции затоа што немаат никаква примена во здравството.
Единствените потенцијални производи на овие истражувања се оружје за масовно уништување, забележува американскиот микробиолог Ричард Ебрајт.
Друг проблем што јавното објавување на резултатите од чувствителните истражувања.
Одговорноста на научниците не завршува со објавувањето. Овие информации се бесплатно достапни за секоја непријателска држава со лабораторија за вирусологија, изјави вирологот Сајмон Вејн-Хобсон.
Новиот експеримент бил финансиран од кинески државни институции и фондации. Во работата учествувала Женг-Ли Ши, која порано била раководител на лабораторијата Институтот за вирусологија во Вухан – местото од кое мошне веројатно коронавирусот се прошири низ светот.
Во новото истражување е спомнат и истражувачот Бен Ху, кој исто така работел во институтот во Вухан. Според извештајот на новинарот Михаел Шеленбергер од 2023 година, Ху во ноември 2019 година бил еден од првите луѓе што се заразиле со коронавирусот, неколку месеци пред да се прошири пандемијата.