Легендата вели дека Рокфелер ги продал своите акции непосредно пред крахот на берзата откако неговиот долгогодишен чистач на чевли му се доверил дека и тој планира да купи акции.
Логиката е јасна: ако муабетот за ќарот од берзата стигнал и до него, таа веќе ги достигнала своите физички лимити, пазарот веќе нема каде да се шири и сосема е извесно дека балонот ќе пукне.