- Луѓето најмногу ги паметат првите и последните работи што се случилe, а многу помалку она што е во средина. (Ова важи за интервјуа за работа, натпревари со гласање и сл...)
- Ако работиш во кафуле или слична дејност, стави огледало зад шанкот. (Откако гневните муштерии кои ќе дојдат да се расправаат со тебе, ќе се видат во огледало, сериозно се намалуваат шансите за нерационално однесување.)
- Откако ќе ја дадеш својата понуда за продажба, не кажувај ниту збор. (Ова важи и надвор од продажба. Кажи што имаш да кажеш и потоа ќути. Кој прв прозбори губи или купува.)
- Ако некој ти одговори делумно на прашањето, само чекај. (И тука треба да останеш нем и да продолжиш да го гледаш во очи. Обично ова ќе го натера другиот да продолжи да зборува.)
- Џвакај мастика кога влегуваш во непријатна ситуација, како говор пред публика или банџи скок. (Кога јадеш логиката на мозокот е "Сигурно не би џвакал да бевме во опасност. Значи не сум во опасност.")
- Луѓето нема да паметат што си им рекол, туку како си направил да се чувствуваат.
- Кога учиш нешто ново, пренеси му го тоа и на некој пријател и остави го да ти поставува прашања. (Ако успееш и другиот да го научиш, тоа значи дека си ја разбрал работата.)
- Ако се натераш себе си да бидеш среќен и возбуден кога ќе се видиш со други луѓе, и тие така ќе реагираат кон тебе.
- Физичките ефекти на стресот - забрзано дишење и отчукување на срцето - се речиси исти со физичките ефекти на храброста.
- Обрнувај внимание на нозете на луѓето. (Ако пријдеш кон двајца што се сред муабет и тие само го свртат своето торзо кон тебе, ама не и нозете, значи не се заинтересирани за да се приклучиш кон разговорот. Исто така, ако разговараш со некого, а тој е свртен кон тебе само со торзото а не и со стапалата, тогаш тој веројатно сака да го заврши разговорот.)
- Преправај се додека не ти тргне. Самодовербата е поважна отколку знаењето.
- Ако доволно долго време се преправаш дека си нешто, со тек на време ќе станеш тоа.
- Изгради мрежа. (Дури и еднаш годишно на едно пиво со колега од факултет или поранешната работа, ќе те одржи во контакт и ќе во тек со работите што се случуваат.)
- Стој право. (Без подгрбавување, рацете да не ти бидат во џебовите и главата високо крената. Тие ќе се чувствуваш подобро и луѓето околу ќе имаат поголема доверба во тебе.)
- Кога си нервозен фати да чистиш дома или во канцеларијата. (Ќе се чувствуваш посреќен и поисполнет отколку претходно.)
- Секогаш плаќај ја првата тура пијачки. (Поголема е веројатноста дека само тебе ќе те запаметат.)
- Твоите постапки влијаат на твоето однесување, повеќе отколку што твоето однесување влијае на твоите постапки.
- Ако сакаш на брзина да изградиш однос или да добиеш нечија доверба, обиди се да го ископираш нивното држење на телото и позиција. (Ова потсвесно му кажува на другиот дека може да ти верува и дека треба да е слободен со тебе.)