Си биле два независни експерта

Два експерта сведочат во американскиот Конгрес за тема од медицинската регулатива. Иако комплетно независни еден од друг, доаѓаат со речиси идентични текстови. Како е можно тоа? Просто. Биле платени од исти лобисти.

Конгресните сослушувања се замислени како можност експерти од разни области да дадат стручни мислења за темите околу кои се носат политички одлуки за да може и јавноста и законодавците да судат мериторно, според факти и засновани мислења.

Во пракса, тоа е арена во која разни лобисти се трудат со пари да го насочат јавното мислење во посакуваната насока.

Не е чудно кога експерти од иста страна имаат сличен поглед на темите но паѓа во очи коге ќе дојдат со истоветни текстови во кои цели пасоси им се идентични. Тоа им се случило на двајца експерти претставени како независни во дебатата за реформите кои би бутка администрацијата на Обама. 

Подоцна се испостави дека двајцата се платени од иста лоби организација која ги застапува американските трговци со лекови кои трошат милиони долари за лобирање против здравствената политика на Барак Обама. Лоби организацијата подоцна се извини за ваквиот гаф.


Инаку, темата против која настапувале "независните" биле предлозите за измени во досегашниот начин на плаќање на докторите по кој лекарите на пациентите им препишуваат поскапи лекови (и кога поевтините би имале ист ефект) само затоа што самите тие на тој начин добиваат повеќе.

21 мај 2016 - 19:17