Два експерта сведочат во американскиот Конгрес за тема од медицинската регулатива. Иако комплетно независни еден од друг, доаѓаат со речиси идентични текстови. Како е можно тоа? Просто. Биле платени од исти лобисти.
Во политиката има три главни фактори што влијаат на донесувањето на политичките одлуки: колективното мислење на просечниот граѓанин, колективното мислење на богатите, лобијата и групите на интерес. Забелешка: сите три не се подеднакво важни.