За да видат која од овие точки има најмногу влијание, двајца истражувачи седнуваат и анализираат 1.779 политички одлуки од изминатите 2 децении. Заклучокот е: колективното мислење на просечниот граѓанин не е воопшто важно.
Кога просечниот граѓанин е против одредена политика, постојат 30% шанси таа да биде донесена. Кога истиот тој граѓанин со голема разлика навива за некоја политика, шансите таа да пројде се исто така 30%. И во двете равенства треба да се знае дека ова важи само ако на богатите и на лобијата им е сеедно околу темата.
Од друга страна шансите некоја политика да се воведе се сведуваат на 0 (со букви: нула) кога мнозинството од богатите се против неа. Ако пак има нешто што им одговара на нив шансите за усвојување на истото растат на 50%.
Слично влијание има и лобирањето од групите на интерес, со тоа што нивниот успех се разликува во зависност од тоа дали станува збор за лобирање за бизнис интерес или за општонароден интерес. На овие првите, подобро им оди.